Полугодишен извештај за работата на СОС - линијата за деца и млади 2025
АлоБушавко – телефонот за деца и млади, работи во согласност со основните начела на Конвенцијата на ОН за детските права и одговорности, посебно ставајќи акцент на правото на приватност и заштита од повреди. Главната цел на АлоБушавко е да им овозможи поддршка на децата преку разговор, простор за размена на информации, поставување прашања и добивање помош, како и поддршка при застапување и промовирање на детските права. Во текот на првите шест месеци од 2025 година, АлоБушавко остана достапен 24/7, благодарение на континуираната ангажираност и професионалната посветеност на тимот, предводен од Маја Велковска - проектен менаџер и координаторка на АлоБушавко, како и групата волонтер(к)и - оператор(к)и: Марија К., Даниел, Стефани, Мимоза, Весна, Јована, Ангела, Марија С., Изабела и Анџела, кои доброволно и со голема посветеност придонесуваат со своето знаење, време и искуство. Дополнително свој придонес даде психологот и психотерапевт Маријана Марковиќ, која по потреба обезбедуваше супервизиска и стручна поддршка во работата на тимот. Дополнително, со поддршка од проектот “Центар за безбеден интернет – МкСафеНет“ , ко-финансиран од Европската Унија и националните фондови, под водство на Министерството за дигитална трансформација и во партнерство со Конзорциумот, беше обезбеден ангажман на четири операторки – Јана Петреска, Ангела Трајкоска, Елена Василева и Мила Дамјановска – кои обезбедуваа стручна психосоцијална поддршка и придонесуваа кон континуираното и квалитетно функционирање на линијата за помош. Работата на тимот на АлоБушавко, во рамки на Детската амбасада МЕЃАШИ, и овој период беше менторирана од Гордана Пирковска Змијанац – основачка на ПДАС Меѓаши поддржана од програмскиот тим составен од психолози и социјални работници.
Целосниот извештај е достапен на следниот линк