Полугодишен извештај АлоБушавко 2024

Согласно податоците добиени за овој шестмесечен период, сите 123
деца опфатени со дојавите, се соочуваат со повеќе од еден проблем од
категоријата Ментално здравје, од што најмногу застапени се
присуство на страв и вознемиреност, проблеми со расположението и
загриженост за себе. Најчесто причинител за ваквата психолошка
состојба кај децата е односот на родителите што произлегува од
бракоразводите; неусогласеноста на родителите за гледање со детето,
односно неостварување контакти и средби на еден од родителите со
детето или децата по разводот и по доделување на старателството на
еден од родителите. Како причина за емоционална вознемиреност се
појавуваат и интерперсоналните односи во и надвор од образовниот
процес (врсник – врсник, наставник – ученик).
62% од децата добиле поддршка и советодавни услуги кои се
однесуваат на категоријата Повреда односно на сите видови
насилство и занемарување. 
На трето место по зачестеност за дојави, или на 9% од вкупниот број
деца им било загрозено правото да остваруваат контакт со еден од
родителите, а тоа е најчесто родителот кој не е старател.
Со најмала застапеност на деца во рамки на извештајниот период за
2024 се категориите: Училиште со 7% засегнати деца. Пристапност 
(4%), Дискриминација и екслузија (4%), Сексуалност (~2%), Исчезнати
деца (~1%), Физичко здравје (0)

 

Целосниот извештај е достапен на следниот линк

Scroll to top