Годишен извештај за работата на СОС - линијата за деца и млади 2024
АлоБушавко – гласот што ги слуша децата! Во свет во ко детските гласови честопати остануваат незабележани, Ало Бушавко е тука за да ги слушне, разбере и поддржи. Со Ало Бушавко, децата имаат своа сигурна зона – простор во ко можат да зборуваат за она што ги мачи, да поставуваат прашања, да добиат информации, поддршка и охрабрување. Нашата главна цел е секое дете да знае дека не е само, и дека неговото право да биде чуено и заштитено е реалност – не само зборови на хартиа. Преку разговори, советување, лобирање и застапување, Ало Бушавко е соузник на децата, зa нив, ово повик е првиот чекор кон промена, сигурност и надеж. Tелефонот за деца и млади функционира според принципите на Конвенциата на ООН за правата на детето, со посебен акцент на правото на приватност и заштита од повреди. Главната цел на АлоБушавко е да обезбеди поддршка за децата кои имаат потреба од: разговор, форум за размена на информации, поставување прашања, како и добивање помош и поддршка во процесот на застапување, лобирање и промовирање на правата на детето. Во текот на дванаесетмесечниот период од 2024 година, АлоБушавко продолжи да функционира преку целосно дежурство, достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Ова беше овозможено благодарение на тимот на АлоБушавко (Маа Велковска - координаторка (01.10.2025 - тековно) на АлоБушавко, Клементина Добревска - психолог и координаторка (01.01.2024 - 30.09.2024) на АлоБушавко, Даман Николовски - социален работник, Мариана Марковиќ - супервизорка на телефонот, Гордана Пирковска-Змианац - основачка и в.д оперативна директорка на Меѓаши), како и групата посветени волонтери/ки (Мариа, Даниел, Стефани, Мимоза, Мартина, Весна, Јована, Евдокиа, Ангела, Мила, Александра и други), кои несебично го вложиа своето време и знаење. Со поддршка од Детската фондациа Песталоци, преку проектот „Промоциа на безбедна училишна средина“ , беа ангажирани дополнително две операторки, што го зголеми капацитетот на телефонската линиа. Целокупната работа на тимот на АлоБушавко во Детската амбасада МЕЃАШИ, како и претходните години, беше менторирана од Гордана Пирковска Змианац

Целосниот извештај е достапен на следниот линк