Кризен фонд за итни интервенции

Кризниот фонд подразбира средства, добра, услуги, човечки ресурси во својство на време и се друго што се вложува во подршка на дадена група луѓе во даден момент на итност, трагедија, опсаност,непогода, ризик по живот и др. Ваквите моменти се најчесто тешко предвидиливи или непредвидливи и за итна реакција потребна е мобилизација на сите претходно наведени типови на придонес.

Преку елекронските донации може да донирате парични средства додека вашите добра, услуги, време и друго на начини обајснети во делот за донации во добра и услуги. Првата детска амбасада во светот Меѓаши досега секогаш била активна во сите поголеми кризни состојби во државата, но тимот се ангажирал и за подршка на лицата од други држави кои биле погодени од ваков тип на несреќи.

Како позначајни активности во услови на криза би ги издвоиле:

  1. Поддршката на здравствените работници во услови на пандемија со Ковид-19 преку донации во заштитна опрема 2019 – 2020 година
  2. Подршка на населението погодено од поплавите во Скопје и Скопско во 2016 година
  3. Згрижувањето 4 фамилии во просториите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши за време на воениот конфликт во Арачиново во 2001 година