Алобушавко линија и платформа за помош и поддршка на деца и млади
Ало Бушавко, претходно познат како СОС телефон за деца и млади, во рамките на Првата детска амбасада во светот “Меѓаши”, формиран 1993 година, е прв телефон за деца и млади во Македонија. Ало Бушавко при Меѓаши е место каде децата и младите може да разговараат за своите чувства, проблеми, ситуации кои не ги разбираат, да пријават прекршување на некое нивно право или да се информираат за работи од нивен интерес или за своите права. Целта на линијата е да се заштитат правата на децата и младите и да се даде психолошка поддршка преку разговор. Не постои магично решение за ниту еден проблем, но АлоБушавко нуди бесплатно психосоцијално и правно советување, поддршка и насочување и/или упатување до државна институција која е надлежна за конкретниот проблем.

Ало Бушавко работи според следниве начела:
- Најдобар интерес на детето – секогаш на прво место се става интересот на детето, за секоја конкретна ситуација се прави проценка за најдобриот интерес на детето.
- Доверливост – податоците кои се добиваат од лицата кои се јавиле се од доверлив карактер и не се достапни на јавноста, се користат само за статистички податоци или анализи.
- Достапност – Ало Бушавко – телефонскиот број 070 390 632 е достапнен 24/7.
Анонимност – лицата кои се јавуваат и советувачите имаат право да останат анонимни.

Ало Бушавко постои пред се' за децата и младите и секогаш се грижи дали некое право на детето е почитувано или повредено и дава совет или предлага акција што е во нивен најдобар интерес. Ало Бушавко нуди повеќе комуникациски канали: мобилен телефон 070 390 632, онлајн чет опција на веб страницата Ало бушавко https://alobushavko.mk/mk/ , емаил alobushavko@childrensembassy.org.mk, Facebook https://www.facebook.com/AloBushavkoHelpLineMEGJASHI како и посета во просториите на Детската амбасада. Веб страницата Ало Бушавко https://alobushavko.mk/mk/ нуди и советодавни, информативни, едукативни содржини за родители и за возрасни што работат со деца на различни теми.

На Ало Бушавко работат волонтер(к)и од разни области: псохолози, педагози, специјални едукатори и рехабилитатори, правници, социјални работници, и др. Тие одговараат на повиците на децата, младите, родителите и други лица. Воспоставуваат доверба со јавувачот, внимателно го слушаат давајќи му простор секому да го искаже својот проблем, дилема или прашање и според природата на повикот даваат соодветни совети, упатуваат до соодветна инситуција, пробуваат да им помогнат на јавувачите да изнајдат правилно решение како е најдобро да се постапи со одреден проблем. Без разлика на природата на повикот, секој повик се разгледува поединечно, без споредување со други слични повици, со цел да се даде приоритет и важност на секоја приказна одделно.

