Оглас за ангажирање Асистент координатор/ка
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање проектен асистент/ка со цело работно време (40 часа неделно).
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација која 34 години работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, личен интегритет, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисија и визијата не движат кон креирање на општествените промени кои се во најдобар интерес на децата.
Мисија на ПДАС Меѓаши
Првата детска амбасада во светот Меѓаши ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете
Доколку се препознавте во повеќето од нашите вредности и доколку ја разбирате нашата мисија и визија и би сакале да станете дел од нашиот мал но посветен тим, ја очекуваме Вашата апликација.
Рок за аплицирање 15.03.2026
Целосниот оглас е достапен на следниот линк