Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Тренинзи, обуки и конференции

РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ”ЗАШТИТА НА ДЕЦА ОД ЗЛОСТАВУВАЊЕ И ЗАНЕМАРУВАЊЕ
Конференцијата започна на 22.09.2009 год. во Пржно, Црна Гора. Присутни беа претставници од државниот и невладиниот сектор на 6 балкански држави (Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора), како и г-ѓата Leen Decadt претставник и проект менаџер на CHI. Од Детска амбасада Меѓаши учествуваа Гордана Пирковска Змијанац и Ангелина Чалакоска, од Министерството за труд и социјална политика - Елка Тодорова, од Народниот Правобранител – Невенка Крушаровска.

Обука за креирање политики
Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како членка на Граѓанска платформа на Македонија (ГПМ), Македонија без дискриминација (МБД) и Коалиција „Сите за фер и правично судење“ учествуваше со двајца свои претставници на Обуката за креирање политики која се спроведува во рамките на проектот „Јакнење на капацитети за креирање политики“ чиии целни групи се организациите членки на споменатите мрежи. 

Учество на Меѓународна конференција „Безбедност на децата и младите на Интернет“
Катерина Конеска во периодот од 29-30 септември 2009 година учествуваше на третата Меѓународна конференција на тема „Безбедност на децата и младите на интернет“ која што се одржа во Варшава, Полска. Конференцијата беше организирана од Програмата за безбедност на Интернет на Европската Комисија и од страна на Германскиот и Полскиот центар за безбедност на интернет.

Учество на меѓународен конгрес на тема “Менување на околината со нови предизвици – современи теми во грижа за децата и младите”
Татјана Јаневска, во периодот од 13 до 17 Септември, 2009 година учествуваше на седмиот национален конгрес, кој се одржа во Свонси, Велс, Велика Британија, на тема Менување на околината со нови предизвици – современи теми во грижа за децата и младите.