Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.36 » Недела на детето (5-9 октомври) Светски ден за превенција на злоупотреба на децата (19 ноември) и Светски ден на детето (20 ноември)

Недела на детето (5-9 октомври) Светски ден за превенција на злоупотреба на децата (19 ноември) и Светски ден на детето (20 ноември)

Посета на децата од училиштата во Скопје на нивната Прва детска амбасада во светот Meѓаши
Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата под мотото Детска недела. Детската амбасада Меѓаши како организација чија главна мисија се децата и заштитата на нивните права, и оваа година организираше активности со цел да се одбележи Детската недела. Во периодот од 5 до 11 Октомври 2009 година Детската амбасада Меѓаши беше посетена од учениците од неколку основни училишта во Скопје: ОУ. „Блаже Конески“, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Љубен Лапе“, ОУ „Мирче Ацев“, ОУ „11 Октомври“, ОУ „Ѓорче Петров“, ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, ОУ „Димитар Миладинов“ и деца од детската градинка „Корчагин“. Во текот на посетата тие беа учесници на работилници за правата на детето. 

Правата на децата
Ова момче има 18 години. Учел само до 5-то одделение. Вели имал проблеми на училиште, западнал во лошо друштво и тука завршило неговото образование. Лебот го заработува на крстосниците во Скопје.