Почетна Контакт
English Македонски Shqip
 
За Амбасадата
Активности
Права на детето
СОС телефон за деца и млади
Извештаи, Информатори
Дипломатски Кор на Амбасадата
Глобална кампања за образование 2006/7/8
Детски работилници
ГПМ Активности
Корисни Линкови
Публикации
Архива
Образование за мир
Глобална недела на акција 2009/2010
Градење култура на детско учество
Детство без насилство
Истражување за правата на детето, дискриминација и насилство
Водич за родители и наставници за заштита на децата од педофилија
Алтернативен извештај на невладините организаци кон државните извештаи за состојбата со правата на детето во Република Македонија
Алтернативен извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија подготвен од децата

Донирајте

075/14 34 24

донирајте 50,00 денари  

070/14 34 24

донирајте 100,00 денари

077/14 34 24

донирајте 100,00 денари

Ви благодариме!
Вашaтa донација ќе биде искористена за дневниот центар за деца на улица

Електронски информатор

Тука може да го симнете нашиот електронски информатор Бушавко бр. 38

 Преземи
  PDF 620 KB

"Сонувај" - химна на кампањата за поддршка на децата и младите жртви на сексуална злоупотреба


Музика, текст, аранжман и продукција: Александар Масевски Пеат: Александра Пилева, Браво Бенд, Gemini, Бени Шаќири, Мартин Србиновски, Деана Николовска, Next Time, Елена Петреска, Даниел Стојмановски, Мартин Вучиќ, Андријана Јаневска, Иле Спасев, Танја Б и Александар Масевски


Слушнете ја тука:


 погледнете го спотот тука!

_________________________

Ревизорско мислење за 2008 година

Тука може да го симнете ревизорското мислење 

Преземи
PDF 1220 KB

Децата учат..

Верзија за печатење
JPG 203 KB

 

Реакција на свирепото телесно казнување на 7 годишното дете со последица смрт 

 

Последниот случај со претепување на детето кое заврши со смрт ја потврдува нашата загриженост и бројните реакции за поефикасна акција од страна на Центрите за социјална работа, да имаат увид во дисфункционални семејства и семејства во ризик, да вршат надзор на вршењето на родителското право, да преземаат мерка на привремено одземање родителско право додека односите во семејството не се доведат во релации  кои ќе им гарантираат на децата сигурност и заштита – која како родителска одговорност е приоритет. Центрите за социјална работа го одземаат родителското право дури кога ќе настанат тешки повреди и последици по децата. Така беше и пролетоска кога таткото кој го имаше правото на видување со двете ќерки (7 и 8 годишна возраст) заедно со неговиот другар три месеци ги силуваше своите деца, така ќе биде и сега кога последицата е свирепо убиство (родителска негрижа) на дете . Механизмот на одземање на родителско право откога несреќата ќе се случи, претставува само казна а не и превентива и заштита кое ќе му обезбеди на детето сигурен детски развој.

 

Апелираме за навремени и соодветни реакции на Центрите за социјална работа кои се неопходни за заштита на многу жтрви на семејно насилство а особено за младите и беспомошни детски судбини.

 

Првата детска амбасада во светот повеќе пати досега апелираше и алармираше дека телесното казнување над децата во Македонија е во пораст. Имено, податоците на СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 говорат дека во споредба со 2007 година кога насилството било застапено со 13,4% како проблем со кој децата  се соочиле и имале храброст да го пријават  е тројно зголемен во 2008 година кога за телесно казнување и сите форми на насилство над децата е застапен со 32,5% од вкупниот број јавувања. Досега на нашиот  СОС телефон во изминатите 16 години се јавиле 17.407 деца и возрасни за одредени проблеми со кои се среќаваат.

 

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши спроведе истражување на тема ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ТЕЛЕСНОТО КАЗНУВАЊЕ НА ДЕЦАТА. Истото истражување беше спроведено и во 2005 година, при што беше овозможена компаративна анализа. Податоците од истражувањата ја рефлексираат перцепцијата на јавноста за присуството на телесното казнување како стил на воспитување во рамки на семејствата во Република Македонија.  Тие покажуваат дека во 2005 година анкетираните во просек оцениле дека 44.9% од децата во земјава се телесно казнувани во рамките на нивните семејства, а во истражувањето од 2009 година анкетираните оцениле дека 30.9% од децата во просек се казнувани во рамките на нивното семејство.

Се забележува намалување на процентуалната застапеност на телесното казнување, но сепак сеуште имаме голем процент на застапеност.  На анкетираните им беше поставено и прашање во врска со нивниот став кон телесното казнување на децата. Околу 2/3 од испитаните граѓани во овогодинешното спроведено истражување, се произнеле дека телесно казнување на децата никогаш не треба да се практикува (65.3%). Споредбено со добиените резултати  од истражувањето спроведено 2005, на истото прашање,  околу 43% од испитаниците се изјасниле дека телесно казнување на децата никогаш не треба да се практикува. Во однос на одговорот дека телесното казнување би можело да се практикува доколку самите родители тоа го сметаат за ефективно, податоците од истражувањето покажуваат дека во 2005г. околу 14% од испитаниците го издвоиле овој одговор наспроти 1% одговори во 2009 г. Овие резултати укажуваат зголемување на свесноста кај граѓаните дека телесното казнување кај децата не претставува  позитивна родителска мерка. Дека телесното казнување на децата не треба да се практикува, но во одредени случаи е оправдано, издвојуваат 1/3 испитаници од истражувањето во 2009г. (33%) или околу  5% помалку во однос на истиот одговор во истражувањето од 2005г.

На нашата веб страна може да се погледне целокупниот извештај од истражувањето http://www.childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/Omnibus%20istrazuvanje_2009.pdf

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=54969

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=3&eventId=14654


18 godini Megjashi - flash
Исчезнати!?
Детските трауми тешко се лекуваат
НАЦРТ КОДЕКС ЗА НОВИНАРИ И МЕДИУМИ ПРИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СЛУЧАИ НА СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА
Донирајте
Партнерства
Akzentmedia
Електронски информатор
Реакција по повод последниот случај на родосквернавење од страна на таткото од Велес врз неговите три ќерки
Правото на топол дом за децата најзагрозено во Македонија Драги Змијанац, извршен директор и основач на Првата детска амбасада „Меѓаши“.
bezbedno na internet
листа на подржувачи 2010
Kampanja
Во најновиот број на електронскиот информатор на Амбасадата БУШАВКО бр 37 (Јануари - Март 2010) можете да ги прочитате следните содржини:
Препораки на Комитетот за правата на детето доставени до Владата на Република Македонија по основ Вториот периодичен извештај на Република Македонија за исполнувањето на обврските од Конвенцијата за правата на детето и иницијалните извештаи за факултати