Почетна » ПРЕЦЕДЕ » ПРЕЦЕДЕ 2 » ПРЕЦЕДЕ МАНИФЕСТ за мали деца




                       
                ПРЕЦЕДЕ МАНИФЕСТ за мали деца

Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) е регионална мрежа на граѓански организации од седум европски држави:

- „Рани години“ од Северна Ирска (Early Years – the organization for young children);[1]
- „Партнери  за деца“ од Албанија (Partnerë për Fëmijët);[2]
- „Балкански сончогледи“ од Косово (Balkan Sunflowers);[3]
- „Центар за цивилни иницијативи“ од Хрватска (Centar za civilne inicijative);[4]
- „Прва детска амбасада во светот - Меѓаши“ од Република Македонија;[5]
- „Децата пред сè“ од Црна Гора (Djecaa prije svega);[6] и
- „Помош за децата“ од Србија (Pomoć deci ).[7]

Главната цел на ПРЕЦЕДЕ мрежата е да го зајакне капацитетот на граѓанските организации во Балканскиот регион и Европа, и да го поддржи процесот на прифаќање, градење мир, помирување, почитување на различноста и градење единство преку едукација во раната детска возраст. 

Ние, како ПРЕЦЕДЕ партнери сакаме да се погрижиме децата да бидат во фокусот на процесот на носење одлуки и креирањето политики што се однесува на раниот детски развој, предучилишно и основно образование, здравствени услуги, детска заштита и градење мир, на државно ниво во секоја од седумте земји, како и на регионално балканско ниво.

Различни современи истражувања покажуваат дека вклучувањето на децата во претшколско образование од многу рана возраст има позитивно влијание на детските социјални вештини и академски постигнувања во понатамошниот тек на нивниот живот, што понатаму пак позитивно се рефлектира на заедницата и генерално на целото општество. Дополнително, различни актуелни истражувачки податоци укажуваат на тоа дека раниот детски развој и едукација имаат огромно влијание на идните процеси на градењето мир, прифаќањето на различностите и социјалната кохезија. Сензибилизирање на децата во врска со еднаквоста, толеранцијата, заемното прифаќање и почитувањето покрај нивните различности, негувањето на култура на мир и ненасилство во стимулативни средини за раната возраст, преставува одлична заложба во насока на негување на социјална правда, превенција на конфликти и градење одржлив мир.

 

Следствено на тоа, ова значи витална можност за препознавање на важноста на еден унапреден и мировно ориентиран сектор за децата, нивните семејства и заедници, како и можност за вреднување на придонесот кон подобра иднина за сите децата, нивна благосостојба и најдобар интерес, затоа што ова се смета за врвна инвестиција на едно вистински одговорно и социјално праведно општество.

 

Манифестот за мали деца на ПРЕЦЕДЕ ја уважува, поддржува и промовира важноста на раната детска едукација и развој, позитивното воспитување фокусирано на детето и добрата грижа, вклучувајќи го негувањето и учењето култура на почит, инклузија и прифаќање на различности уште од самото раѓање, во рамки на семејството, раното образование и заедниците.

 

ПРЕЦЕДЕ мрежата го прифаќа фактот дека владите на државите од Балканот имаат многу проблеми кои го бараат нивното внимание, но ниеден толку итен како проблемите кои ги засегаат децата, нивните семејства, нивната иднина и иднината на нивните држави.

Прифаќањето и почитувањето на различностите и правото на секое дете да живее во инклузивна заедница во која владее кохезија и мир, ќе овозможи заедниците и државите во балканскиот регион да опстојуваат хармонично.

 

Преку овој манифест за деца, ПРЕЦЕДЕ мрежата бара итно подобрување на вклученоста во висококвалитетна рано детско образование и развој на секое дете ширум Балканскиот регион.

Вклученоста или исклученоста во/од квалитетни прифатни служби има силно влијание врз секое дете, на неговата иднина и конечно и на развојот на фер и еднакво општество.

Без исклучок, сите релевантни институции ја прифаќаат потребата за поголема инклузија и почитување на различностите како круцијални елементи на животот на малите деца и учењето, со цел - негување на свет со помалку дискриминација, намалување на нивото на предрасуди и стереотипи и промоција на општествена хармонија и грижа за другите.
Долунаведените заложби се оние кои ПРЕЦЕДЕ мрежата смета дека играат клучна улога во подобрување на квалитетот и нивото на раната детска едукација, развој и грижа во рамки на балканските земји, како и во зајакнувањето на почитта на разликите и социјалната инклузија како вовед во општествената кохезија.


Генерално, со прифаќање на предлозите содржани во овој манифест на регионално и национално ниво, се создава потенцијал да се реализира долгоочекуваното и потребно лидерство, посветеност, координација и кохезија во воведувањето холистички ран детски развој и едукација, каде детето е во центарот на интересот.


Со потпишување на ПРЕЦЕДЕ манифестот, ги охрабруваме релевантните институции, политичките партии, пратениците, националните и регионалните тела кои се одговорни за носење одлуки и креирање политики, локалните заедници, вклучително и родителите, воспитувач(к)ите, учител(к)ите, негувател(к)ите, заедно со медиумите, граѓанските организации, формалните и неформалните групи да НАПРАВАТ ВИСТИНСКА РАЗЛИКА ЗА ДЕЦАТА со тоа што ќе се заложат и обврзат да:

 

  • Обезбедат пристап и инклузија на сите деца во висококвалитетни служби за ран детски развој, вклучително и во службите за здравство, предучилишна едукација и семејна поддршка.  Да се преземе акција и да се креираат услови во државата, како и согласно да се прилагодат легислативите за обезбедување инклузивни сервиси за сите деца со добро обучен и компетентен персонал, кој го става детето на прво место во сите активности, погрижувајќи се за тоа сервисите да бидат достапни на најранливите и исклучени деца и нивните семејства.

 

  • Го препорачуваат раниот детски развој и едукација како важен и достапен за сите деца, почнувајќи од тригодишна возраст.

  • Инвестираат во работната сила која е вклучена во раниот детски развој, нега на деца и семејна поддршка во насока на релевантни квалификации, висококвалитетен и ефикасен теоретски и практичен тренинг, можности за вработување, грижливи менаџерски структури и континуирана професионална надградба за да се обезбеди подобрување на статусот и мотивацијата на работната сила.

 

  • Обезбедат и креираат начини за поголема партиципација на родителите во претшколските центри, како активни учесници во процесот на учење, но исто и како промотори на почитувањето на различностите и инклузијата меѓу семејствата и едукаторите.

  • Вклучат стандардни модули и активности во претшколската едукација со кои се обезбедува средина која промовира инклузија, почитување на различноста, превенција на конфликти, толеранција, градење мир и помирување како интегрален дел од националната претшколска програма. 

 

  • Се развијат и имплементираат политики од страна на националните влади, кои ќе служат за поддршка на родителите коишто одлучуваат да останат дома и да се грижат за своите деца, со тоа што ќе им се обезбеди пристап и информирање до/за соодветни услуги кои нудат домашна и групна поддршка. На мајките или татковците да им се овозможи опцијата да останат дома со помош на финансиски шеми кои нема да се одразат негативно врз нивната економска/финансиска ситуација и можноста да обезбедуваат за своите деца.