ПРОДОЛЖЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ КОМПАНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ МЕДИУМСКА КАМПАЊА
I. Општи информации
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ објавува повик за ангажирање медиумска/маркетинг агенција која ќе биде одговорна за креирање и спроведување кампања што ќе ја промовира важноста на родителите во намалувањето на насилството врз/меѓу децата и младите и ќе влијае на создавање безбедна средина во училиштата.
II. Краток опис на проектот
Проектот „Промоција на безбедна средина во училиштата” има за цел да придонесе кон остварување на правото на квалитетно образование за секое дете, во безбедна и партиципативна училишна средина. Активностите се фокусирани кон подобрено спроведување на законските одредби за ученичко учество во процесите на донесување одлуки и заштита на децата, како и развој и јакнење на капацитетите на основните и средните училишта за превенција и справување со насилство, преку примена на наставни методи и техники кои поддржуваат и промовираат поддршка, заштита, учество и еднакви можности за секое дете, ученик/ученичка. Проектот се спроведува во периодот 01 септември 2023 година до 31 август 2026 година. ПДАС Меѓаши е партнерска организација на проектот во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА како носител на проектот и другите партнерски организации Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и СМАРТ АП - Лабораторија за социјални иновации Проектот е финансиски поддржан од Детската фондација Песталоззи.
II. Цели
Заштитата и безбедноста на децата е императив на денешнината и потребно е сите засегнати страни да обезбедат негувачки, заштитни и безбедни средини каде што децата растат и се развиваат. Активното вклучување на родителите е од особено значење во овие процеси, со посебен фокус на врсничкото насилство. Токму поради тоа, основна цел на овој повик/ангажман е да се креира и спроведе медиумска кампања која ќе придонесе кон здружено градење средини кои нема да бидат толерантни кон насилството и кои ќе реагираат превентивно но и итно кога насилството се случува. Родителите се клучни во овој синџир. Тие можат да им помогнат на децата да го спречат насилството со тоа што ќе зборуваат за истото, ќе се вклучат во активности за градење безбедни училишни средини, ќе размислуваат за стратегии за превенција на врсничкото насилство и на локално и на национално ниво итн. Во таа насока треба да се подготви кампања која би се состоела од најмалку 10 кратки видеа и пропратна кампања за социјалните медиуми.
III. Опис на работни задачи
Избраната компанија ќе треба:
● Да соработува и да ги следи насоките за изработка и спроведување на кампањата од лицето назначено за комуникација од ПДАС Меѓаши.
● Да изработи комуникациски план за спроведување на кампањата за времетраење од 2 години во соработка со тимот на ПДАС Меѓаши.
● Да го презентира дигиталниот маркетинг план и визуелен идентитет на кампањата пред нарачателот и да го модифицира во согласност со дадените насоки од нарачателот, доколку има потреба.
● Да испорача координативни состаноци, за јакнење на капацитети во соработка со волонтерскиот тим, на кои ќе ги запознае волонтер(к)ите со процесот на подготовка и развој на содржини, визуелен идентитет и комуникација и ширење на кампањата во медиумите.
● Во заедничка соработка со волонтерскиот и проектниот тим од организацијата да развијат концепт за медиумската кампања, насоки за развој и дефинирање на целната група.
● Во согласност со договорениот концепт, медиумската агенција да ги обезбеди потребните ресурси, капацитети и потреби за создавање и спроведување на кампањата.
● Да го изработи целосниот дигитален материјал и содржини за спроведување на кампањата (вклучувајќи дизајни за објави, постери, инспиративни / лични приказни, едукативни артикли, текст за објави, кратки видеа, тагови итн.).
● Да се обезбеди доволен број видео записи за изработка на најмалку 10 кратки видеа од кои дел ќе бидат финализирани за промоција до 30.09.2024 односно 31.08.2025.
● Да обезбеди корисничка поддршка при спроведување на комуникацискиот план.
● Да го подготви дигиталниот маркетинг план и стратегијата за медиумската кампања согласно темата и договорот од 19.08.2024 до 31.08.2024. Доколку има потреба во наведениот период материјалот да се корегира и менува согласно текот и потребите на кампањата.
● Да биде одговорна за дисеминација на подготвениот материјал и спроведување на кампања за промоција на проектот, со целна група родители/старатели до август 2026 година, преку утврдените канали на комуникација и промоција во комуникациската стратегија во соработка со ПДАС Меѓаши.
● Да изготви извештај за текот на активностите, како и постигнатите резултати од кампањата.
● Да спроведе платена промоција на медиумската содржина во текот на 12 месеци, рамномерно распределени за времетраењето на кампањата.
Понудите треба да се достават најдоцна до 13.08.2024 година.
IV. Критериуми за кандидатите
Компаниите што ќе аплицираат треба да ги исполнуваат следниве критериуми:
- Компанијата треба да е формирана согласно македонското законодавство и активно да работи во последните две години.
- Претходно искуство во креирање и спроведување кампањи, предност ќе биде искуство во соработка со граѓанскиот сектор.
- Финансиска понуда.
- Доставен предлог концепт за медиумска кампања.
V. Потребна документација за аплицирање
При аплицирање сите заинтересирани компании треба да достават:
- Краток опис на компанијата;
- Портфолио на дизајнирани и спроведени кампањи за социјални медиуми;
- Биографија од лицето кое ќе ги фасилитира состаноците со волонтер(к)ите, со искуство во изработка и спроведување кампањи, односи со јавност, маркетинг и работа со социјални медиуми;
- Предлог концепт за медиумска кампања со предложени форми на комуникација;
- Тековна состојба, не постара од 6 месеци;
- Финансиска понуда распределена за три години со максимален износ од 400 000 денари, бруто износ.
Целосната документација треба да биде доставена во електронска форма на македонски јазик на е-пошта: iro@childrensembassy.org.mk со предмет: Понуда за МЕДИУМСКА КАМПАЊА. Понудите треба да се достават најдоцна до 13.08.2024 година.
Апликации со нецелосна документација нема да се разгледуваат.
VI. Услови за исплата
Меѓаши ќе ја исплати компанијата на годишно ниво за бруто износ, а ќе изврши уплата во рок од седум (7) дена по примањето и одобрувањето на комплетна документација за тековната година која опфаќа потпишан договор и одобрени продукти (опишани погоре).
За дополнителни информации поврзани со наведениот повик можете да ни се обратите преку телефонскиот број 075 233 279 / 075 688 794 или пак преку емаил адреса: iro@childrensembassy.org.mk
PDF...