ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏЕР/КА
Краен рок за пријавување: 15 септември 2024
Првата детска амбасада во светот Меѓаши го проширува тимот на амбициозни и посветени професионалци кои прават промени и креираат поправеден и побезбеден свет за децата. Фокусирани кон остварување на организациската мисија и визија и со практикување на вредностите како солидарност, доверба, ентузијазам, соработка, правда и поддршка тимот на Меѓаши продолжува да ги надградува и развива сервисите за поддршка.
Мисија на ПДАС Меѓаши:
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете.
Доколку се препознавате во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, и се стремите кон праведност, правичност и функционален систем кој работи во интерес на децата, тогаш имате нешто заедничко со нас. Ако имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти, како и желба за нови предизвици, поседувате висок интегритет, одговорност и отчетност, и сакате да станете дел од нашиот мал, но посветен тим, ве покануваме да ги прочитате долунаведените критериуми за аплицирање за позициите Раководител/ка на проекти, Финансиски асистент/ка или Комуникациски асистент/ка во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.
Ангажманот за наведената позиција е дел од проектот MKSAFENET кој предвидува формирање на Национален центар за безбеден интернет простор за децата каде како важен дел од новиот систем за безбедност е АлоБушавко линијата за деца и млади претходно познат како СОС телефон за деца и млади. Проектот под водство на Министерството за дигитална трансформација е со траење од 18 месеци, период во кој ќе се воспоставуваат важни механизми, процедури и правила на координирано справување со различни предизвици во интернет просторот со кои се соочуваат децата.
Отворени позции:
- Финансиски менаџер/ка – 50% работно време
Критериумите за аплицирање може да ги видите на линкот.
Вид на вработување:
- Работниот однос ќе биде на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на 1 година или на неопределено време, со 20 часовна работна недела (50%).
- Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 25.450 денари за финансиски менџер/ка.
Детската амбасада МЕЃАШИ овозможува:
- Работа од дома и канцеларија
- Слободни денови за роденден/и на деца
- Можности за професионална надградба преку учества на обуки доколку работните задачи се одговорно и навремено завршени
- Техничка опрема – лаптоп и смартфон
- Поддршка од тимот за најразлични прашања и потреби
- Детската амбасада МЕЃАШИ вложува во тим кој ги живее вредностите на организацијата и се труди да обезбеди пријатна работна средина, тимска работа, почитување на личноста и различностите.
Аплицирање:
- Работна биографија,
- Писмо за мотивација,
- Две препораки од претходните работни места,
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;
- Потврда за познавање англиски јазик.
- Копија од возачка дозвола
Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса info@childrensembassy.org.mk со назнака: „Пријава по оглас за избор на Менаџер/ка на проекти, Финансиски менаџер/ка или Комуникациски менаџер/ка“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Менаџер/ка на проекти, Финансиски менаџер/ка или Комуникациски менаџер/ка “ најдоцна до 18.08.2024 година.
Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.