ПРЕЦЕДЕ – Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа
PRECEDE - Partnership for Reconciliation through Early Childhood Education and Development in Europe
Програмата ПРЕЦЕДЕ е финансисрана од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) за поддршка на граѓанското општество. Општа цел на програмата е да го поддржи влијанието на граѓанското општество врз процесите на помирување и кохезија преку образование и развој на малите деца на регионот на Балканот и во Европа. Програмата ќе допринесе за развој на одржлива мрежа на организациите на граѓанското општество од Балканот кои работат со децата од предучилишна возраст и промовираат прифаќање на другите и почитување на различностите; развој на одржливи мрежи на граѓанските организации на национално ниво кои промовираат прифаќање на другите и почитување на различностите преку образование во раното детство во земјите на западен Балкан и поврзување на мрежите на националните мрежи и ПРЕЦЕДЕ мрежата на граѓанските организации со Меѓународната мрежа за мали деца во конфликтни и постконфликтни земји.
Главна цел на програмата е: Да го поддржи влијанието на граѓанското општество врз процесот на помирување и кохезија преку образованието и развојот на децата од предучилишна возраст на Балканот и во Европа.
Задачи на програмата се:
- Да се развие одржлива регионална мрежа на НВО-и кои работат со децата од предучилишна возраст и која ќе промовира прифаќање на другите и почитување на различностите;
- Да се развие одржлива национална мрежа на НВО-и која промовира прифаќање на другите и почитување на различностите преку предучилишното воспитување и образование во земјите на Западниот Балкан;
- Да се создаде врска помеѓу националните НВО-и мрежи и PRECEDE мрежите со Меѓународната мрежа за децата од предучилишна возраст во конфликтни и пост-конфликтни земји
Носител и партнери во програмата се: Носител на програмата е невладината организација Помош за децата, Србија (Pomoć deci;- www.pomocdeci.org ), а партнери се организациите:
• Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија www.childrensembassy.org.mк
• Раните години, Белфаст, Северна Ирска (Early Years – the organization for young children, Northern Ireland - www.early-years.org )
• Партнери за деца, Албанија (Partnerë për Fëmijët - www.partnereperfemijet.org )
• Центар за цивилна иницијатива, Хрватска (Center for Civil Initiatives - www.cci.hr )
• Балкански сончогледи, Косово* (Balkan Sunflowers Kosova - www.balkansunflowers.org )
Очекувани резултати и постигнувања:
- Јакнење на капацитетите на НВО-ите да спроведуваат истражувања;
- Јакнење на НВО-ите да го следат спроведувањето на законите, меѓународните инструменти и останатите документи;
- Јакнење на НВО-ите за промоција на целите;
- Развивање на регионални програмски водичи за НВО-и на теми поврзани со градењето на мирот.
- Организациско јакнење на капацитетите на граѓанските организации
Компоненти на програмaта PRECEDE:
Компонента 1:
Регионалната мрежа и најмалку седум национални мрежи на невладини организации имаат знаење и вештини да истражуваат и анализираат меѓународни и локални политики, програми и проекти во однос на спречување конфликти, градење на мир и помирување.
Компонента 2:
Регионална и најмалку седум национални НВО мрежи имаат знаење и вештини да го следат спроведувањето на политики, програми и проекти поврзани со спречување конфликти, градење на мир и помирување низ воспитување и образование.
Компонента 3:
Регионалната и најмалку седум национални НВО мрежи имаат знаење и вештини да промовираат вклучување на модули и теми важни за спречување конфликти, градење на мир и помирување во националните планови и програми во предучилишното воспитување и образование.
Компонента 4:
Изработка на регионални прирачници и материјали карактеристични за секоја земја, корисни за реализација на активности поврзани со помирување, градење на мир и спречување конфликти во предучилишното воспитување и образование.
Компонента 5:
Организациско и директно засилување на локалните организации на граѓанското општество, за да можат да добијат европски сертификати за остварени организациски и управни стандарди на квалитет.
Проектот е финансиран од Европската Унија. Содржината на овој документ е единствена одговорност на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.