Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Средба на министерот Неждет Мустафа со детската амбасада МЕГАШИ и УНИЦЕФСкопје, 27.01.2010 год.

На ден 27.01.2010 (Среда) министерот без ресор Неждет Мустафа – Национален координатор на Декадата за вклучување на Ромите и Стратегијата за Роми се сретна со шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ Шелдон Јет и Катерина Коневска од детската амбасада МЕГАШИ.

Целта на средбата е согледување на можностите како заеднички да се придонесе во делот на ефективна заштита на детските права, како и децата активно да бидат вклучени во образовните системи со цел нивно интегрирање во општеството.

Имено, УНИЦЕФ потпиша 6 годишен договор со Владата на РМ и започна со истражување на мултикултирализмот и меѓу етничките односи во земјата која што е особена важна за промовирањето на заедничкиот соживот и здружување во образовниот систем. Според Шелдон Јет, шефот на канцеларијата на УНИЦЕФ правото на децата не е милостливост, туку тоа е нешто што им припаѓа на секое дете.

Претставникот од детската амбасада МЕГАШИ г-ѓа Коневска истакна дека 95 % од децата на улица се Роми во кое што секој дневно се искористува нивниот детски труд, и потребно е да се да се посвети повеќе внимание на вакво осетливо прашање.

Според Мустафа ваквата соработка и понатаму ќе продолжи каде што министерот лично ќе се заложи со сите свои ресположливи ресурси, во соработка со УНИЦЕФ и детската амбасада МЕГАШИ ваквата појава да се реши што поскоро, во кое што децата ќе бидат отстранети од улица и активно ќе се вклучат во образовните системи.

http://www.mbr-ds.gov.mk/?q=node/60