Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

„Проект за поддршка на човековите права“Првата детска амбасада во светот Меѓаши како една од членките основачи на Коалицијата „Сите за правично судење“ заедно со Канцеларијата на оваа коалиција започна да го реализира „Проектот за поддршка на човековите права“. 
 
Во рамките на овој проект, Детската амбасада Меѓаши обезбедува бесплатна правна помош за потенцијални жртви на тортура кои се малолетни лица и престојуваат во институции од затворен карактер каде слободата е ограничена или лишена врз основа на законски донесена одлука.
 
Бесплатната правна помош се дава со добиена согласност од родител или старател согласно меѓународните и домашните правни акти за заштита на децата. 
 
Оваа помош се дава од страна на лица кои имаат искуство, вештини и познавања во работата со ранливи категории на малолетни лица кои се лишени од слобода.
 
Проектот се спроведува во период од 01.01.2010 до 31.12.2010 година и е финансиран од Фондот за жртви од тортура при Организацијата на Обединетите нации.