Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37

Презентирани Алтернативните извештаи за состојбата со правата на децата во Република Македонија пред Комитетот за правата на детето при Обединети Нации во Женева на 3 февруариВо периодот од 1-4 Февруари 2010, Делегација на Националната коалиција за правата на децата претставувана од Кети Јандријеска Јованова – Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија, Катерина Конеска – Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светлана Мулкуеен - Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Васка Бојаџи – дете претставник од организацијата Порта од Струмица и Елена Димитриевска – дете претставник од организацијата Лоја од Тетово, беа во Женева, Швајцарија, да го претстават Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Република Македонија пред Комитетот за правата на децата при Обединетите нации. Алтернативниот извештај беше презентиран на 54-тата Пред-сесија на Комитетот за правата на децата при ОН, пред 9 членови на Комитетот. Децата имаа посебен состанок со членовите на Комитетот, на кој го презентираа својот детски извештај.

Во текот на својот 4-дневен престој во Женева, претставниците на Националната коалиција за правата на децата имаа состаноци со повеќе институции: Европската регионална канцеларија на УНИЦЕФ, Меѓународната организација за труд (ILO), невладината организација Terre des Hommes и секцијата на НВО-групата за малолетничка правда.