Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


По две деца во педофилските канџи секоја недела Пораснал бројот на пријави за сексуално малтретирање на деца од страна на родители или блиски роднини лани, покажуваат испитувањата

21:00 | 10.02.2010 | Автор: Петре Ристовски

Испитувањата покажуваатдека две до три децанеделно се жртви насексуално злоупотребување и педофилија во Македонија,а овој алармантен податоке дополнително зачинет со застрашувачкиот тренд минатата година. Тогаш се откриени зголемен број случаи на родосквернавење на деца од родители или од блиски роднини.

Тоа, пак, е посебен проблем зашто ако детето се врати кај злоупотребувачот, тогаш хаосот кај детето жртва е уште поголем, велат експертите.

Тие причини за порастот на педофилијата во земјава гледаат и во интернетот и во големиот број медиуми, но и во лошата економска состојба.

- Педофилите отсекогаш постоеле, но сега со лесната достапност до информации и со појавата на голем бројмедиуми нивниот број се зголемува. Социопатолошкатапојава најчесто се случува преку подведување деца на кои не им е посветено доволно љубов (најчесто домски деца и оние кои се запоставени од семејствата), а големо влијание има и моменталната економска состојба, па лошо ситуирани деца со малку можат да се залажат и да

бидат злоупотребени - вели психологот Мирослав Пендаровски.

Тој смета дека личните фрустрации и влечењето комплекси од младоста често се причина педофилот да го истури гневот врз недолжни лица.

Минатата година од вкупниот број повици (околу 360) на СОС-телефонот во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” речиси 48 отсто отпаѓа на физичкото, психичкото и сексуалното насилство врз деца. Тоа е зголемување од девет отсто во однос на 2008 година.

Најголемиот број пријави се однесуваат на проблеми во семејството (дури 24 отсто), а половина од случаите на сексуална злоупотреба на деца се за родосквернавење. Децата молчат, се плашат и речиси никогаш не го пријавуваат малтретирањето, велат психолозите кои работат во Детската амбасада, а лани само 24 деца сами се јавиле и пријавиле насилство, а дури 94 отсто од пријавувачите се возрасни, од кои двојно повеќе се жени

http://spic.com.mk/kat/hronika/po-dve-deca-vo-pedofilskite-kandzi-sekoja-nedela.html