Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.37


Националната комисија за правата на детето во Република Македонија ги зема во предвид дел од препораките на Националната коалиција за правата на детето

Во периодот од 23 Декември 2008 до 1 Декември 2009 година од страна на Националната коалиција за правата на детето (коалиција составена од 21 невладина организација и 2 невладини коалиции) се изработија 4 Алтернативни извештаи.

•         Алтернативен извештај на НВОи кон вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето во РМ

•         Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија

•         Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за инволвираност на деца во вооружени конфликти

•         Детски алтернативен извештај - изработен од самите деца
 
Овие извештаи, воедно, беа и презентирани пред Комитетот за правата на детето на Обединетите нации во Женева, на 3 февруари 2010 година.

Алтернативниот извештај содржи голем број проблеми со кои се соочуваат децата во РМ и препораки како да се надминат истите. Покрај општите проблеми и препораки кои ги содржи извештајот разработени се и доста специфични проблеми од чие надминување зависи и нивото на заштита и остварување на правата на децата.

Дел од препораките на Националната коалиција за правата на детето на Р. Македонија се земени во предвид од страна на Националната комисија за правата на децата во Република Македонија. Имено, следниве препораки беа ставени како точки од Дневниот ред на единаесеттата седница на оваа Комисија:
 
Предлози за унапредување на работата на Националната комисија за правата на децата во Република Македонија 
 
2.1.     Давање право на одлучување на претставниците на здруженија на граѓани кои учествуваат во работата на Националната комисија

2.2.     Активно вклучување на децата во работата на Националната комисија
 
2.3.     Зголемување на бројот на здруженија на граѓани кои учествуваат во работата на Националната комисија
 
2.4.     Поголема транспарентност на Националната комисија
 
2.5.     Поактивна улога на Националната комисија во процесот на креирање политики поврзани со правата на децата