Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


 Зошто 19 дена активизам за превенција од злоупотреба и насилство врз децата.-По 10 години кампања за годишно одбележување на Светскиот ден за превенција од злоупотреба на децата - 19 ноември и градење на меѓународната коалиција на соработници, дојде време да се прошират нашите терени со отворањето на WWSF

19 дена на активизам за глобалната кампања 1-19 ноември.

Што е 19-дневната кампања?


Мулти-прашање коалиција на различни организации и партнери, вклучувајќи млади луѓе, кои се вклучени во борбата против една или повеќе од 19 злоупотреби прашања наведени во спречување Кит, кои работат за социјална трансформација,мобилизирање на агенти за промена и информирана превенција за да помогне во создавањето јавна свест и поддршка на национално, регионално и/или меѓународно ниво.

Цели на 19-дневната кампања:
 
Фокусот во текот на 19 дена ќе биде насочен кон спречување на различни видови злоупотреба и насилство врз децата и младите. Кампањата има за цел да продолжи да посочува алармантни проблеми, нивните повеќеслојни аспекти, како и потребата да се генерира доволно интерес, кај Владата и да се пробуди јавна поддршка за подобра превенција. 
 
19 Ноември-Светски ден за превенција од злоупотреба и насилство врз децата

Зошто Светски ден?

Заедно да создадеме култура на превенција!

Злоупотребата, посебно сексуалната злоупотреба врз децата е универзален и алармантен проблем кој привлече внимание и ефикасни заштитни вештини, неопходни заштитни мерки во семејството, на локално, национално и интернационално ниво.

По долгата традиција на молчење за сексуалната злоупотреба врз децата, денес се повеќе и повеќе почна да се зборува и разоткрива на таа проблематика, со што таа стана јавна и политичка тема.

Алармирајќи ги владините и граѓанските организации за потребата на заземање активна улога во промовирањето на почитувањето на детските права (член 19 и 34* од Конвенцијата на детските права) со што би се довело до спречување на детската злоупотреба, во 2000 се започна одбележувањето на Светскиот ден за превенција од детска злоупотреба, кое оттогаш се практикува секој 19 Ноември во содејство со годишнината на Меѓународниот ден на детските права (20 Ноември). Овие два дена имаат за цел да станат обединувачка точка кога станува збор за проблемот на детската злоупотреба и неопходноста на ефективни превенциони програми.

* Член. 19 –Партиите во државата треба да покренат соодветни легислативни, административни, општествени и образовни мерки за да го заштитат детето од сите форми на психо-физичко насилство, повреда или злоупотреба, запоставување или третман кој има такви тенденции, малтретирање или експлоатирање, вклучувајќи ја сексуалната злоупотреба, додека детето е под грижа на родетлите/родителот/старателот или било кој друг човек кој е обврзан да се грижи за него.

* Член. 34 – Институциите на државата подлегнуваат на заштита на детето од сите форми на сексуално експлоатирање и злоупотребување. За тие цели, институциите треба да преземат соодветни национални, билатерални или мултиратерални мерки за превенција.

Зошто коалицијата на НВО-и треба да го одбележува денот на превенција од детската злоупотреба?

Главната цел на коалицијата на НВО-и е да придонесе во создавање на култура за превенција на насилството и злоупотребата врз децата. Оваа глобална алијанса тежнее кон подигнување на јавната свест, мобилизирање на јавното мислење и акција и проширено информирање во врска со програмите за превенција.

За пристапување кон коалицијата, членовите се обврзуваат да го одбележат овој ден со локални и национални настани и активности:

§  Наведување за одбележувањето на денот во нивните публикции и на нивните веб-страници

§  Раздавање на постери, едукативни програми и информациич

§  Создавање партнерство со локални организаии кои работат во полето на промоција и заштита на детските права,

§  Известување до пишаните и електронските медиуми

§  Информирање на локалните власти за постоењето на овој ден

§  Планирање активности и лобирачки групи за официјално прогласување на овој ден како национален ден-празник.

Во 2009, меѓународната коалиција на НВО-и обедини повеќе од 700 организации во 125 земји кои го комеморираа овој ден со активности и настани на локално/национално ниво. Различните активности се сочинети во извештајот за глобалниот импакт кој овој ден го има, а истиот е објавен на нашата веб-страна.

http://www.woman.ch/index.php?page=19daysofactivism&hl=en_US