Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Поддршка на ранливите групи деца во Маекдонија-Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна со имплементација на активности во рамките на проектот „Поддршка на ранливите групи деца во Македонија“ чијашто главна цел е да придонесат за подобрување на животот на ранливите групи деца преку обезбедување социјална, психолошка и правна помош.

Исто така ќе помогнат да допреме до тие деца, да се обезбедат податоци за тоа колку од нив не одат на училиште, како и да се развијат соодветни механизми за заштита и поддршка на децата од ранливите групи. Сметаме дека активностите ќе придонесат и во зајакнувањето на соработката помеѓу општините и центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации на нивната територија. Во проектот е планирано да се вклучат 20 општини од Република Македонија. Овие активности ќе придонесат во подигнувањето на јавната свест за потребите на децата од ранливите групи и дисфункционални семејства.

Целна група се ранливите групи деца во Македонија: деца бездомници, деца на самохрани родители, деца кои живеат во сиромаштија, деца со пречки во развојот, деца кои доживуваат кризни моменти во животот, деца од дисфункционални семејства (со конфликти, физичко, ментално и/или сексуално насилство, зависности или болести во семејството), деца на кои им е потребна рехабилитација, деца на улица, деца работници.

Целта на тренингот меѓудругото е по неговото завршување да се обезбедат поконкретни активности од страна на општините за да им помогнат на овие групи деца.  Целта на тренингот е и подетално запознавање на претставниците од општините со правата на децата, поголемо сензибилизирање за проблемите со кои се соочуваат ранливите групи деца, утврдување можности за продлабочување на меѓусебната соработка како и улогата на локалната самоуправа во насока на подобрување на состојбата со правата на децата. Во втората фаза од активностите, учесниците на тренингот заедно со претставници од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во своите општини ќе спроведат и презентации/ работилници за социјалните работници, педагозите, невладините организации и наставниците од основните и средните училишта. Исто така планирано е и формирање на неформална мрежа помеѓу општинските лидери кои работат на полето на заштита на ранливите групи деца.