Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во април 2011. започна со спроведување активности за Мировно образование заедно со партнерската организација KURVE Wustrow од Германија со која има долгогодишна соработка. Проектот има за цел промовирајќи ги Мирот и Ненасилството како основни вредности во воспитно-образовниот систем да укаже на потребата од вградување на Мировното образование во наставните курикулуми.

Во серија од 5 обуки за ненасилна трансформација на конфликти и мировно образование, во текот на еднаипол година, ќе бидат вклучени 12 професори/ки (по 4 од секое училиште) и 6 младинци како мировни едукатори/ки.  Обучените по првата обука во август/септември 2011, имаа задача да почнат со организирање работа на младински клубови во нивните училишта, креирајќи содржини со кои младите ќе се сензибилизираат активирајќи се на полето на градењето на мирот. 

Ова е пилот проект кој треба да обезбеди учество на професор(к)ите и учениците/ките во креирањето на идните курикулуми од областа на Мировното образование. Затоа, една од задачите на проектот е да ги оснажи учесниците/ките за активен став во нивната средина, без насилство и со свесност за бројните видови неправди, дискриминации и насилства пренесувајќи им вештини и знаења кои се важни за градење на активен мир, граѓанско организирање и ненасилно дејствување.

Во втората половина на 2011. година во рамките на програмата за Мировно образование беа спроведени следниве позначајни активности:

Јули 2011. Стратешко планирање. Од 11 до 14 Јули 2011. во рамките на Програмата за Мировно образование беа организирани работилници за Стратешко планирање. На работилниците учествуваа 12 претставици/ки на управните и извршните структури на Детската амбасада Меѓаши како и 3 волонтери/ки. Во тој процес се редефинираа приоритетите и целите, беа дефинирани програмите и активностите, насоките и стратегиите за следните 3 години а беше подготвен и план за следните 3 години.

Август/септември 2011. Подготовки и реализација на Прв тренинг за Мировно образование. Првиот тренинг во рамките на програмата за Мировно образование го одржавме од 31.08.2011 до 04.09.2011 во "Куќата на уметноста" во Кичево На тренингот учествуваа 12 професор(к)и од гимназијата "Никола Карев", ГУЦ "Здравко Цветковскиi" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов" како и 6 млади мировни едукатор(к)и на возраст од 18 до 25 години. На тренингот се обработуваа следниве теми: насилство и ненасилство, разбирање на конфликтите, комуникација, тимска работа, училиштата и мировното образование, планови за работа на младинските клубови... Што се однесува до методологијата на работа, се држевме на итерактивниот и партиципативниот метод и тоа преку работа во мали групи, индивидуална работа, играње на улоги, планирани дискусии, инпут од страна на тренирите за дадените теми итн. Тренери беа: Ана Битољану од Мирамида Центар Грожњан Хрватска и Блерим Јашари од Тетово

Неколку изјави од учесници/ки на тренингот:

"Времето во кое живееме е многу стресно и често имам чувство дека секој се грижи само за себе и нема меѓучовечка соработка, разбирање,почит. Луѓето се спремни за конфликт. Тука научив дека има и такви кои бараат и сакаат промени."

" Повеќе би разговарале за проблеми во училиште и тоа:(алкохол, семејни проблеми, проблеми во класот-другарство,култура на однесување, етички проблеми). "

"Ви благодарам на прекрасното искуство за новостекнатото знаење и шансата да пробам да ја променам средината и иднината кон подобро."

"Се беше корисно и применливо, најмногу можеби активностите кои можеш да ги спроведеш и со учениците, City Game, Комуникацијата, секоја техника одлично се вклопува во работа со учениците, пр.конфликт, маргинална група. "

"Врз основа на моето искуство досега ништо не би менувал само можеби бо додал повеќе училишта меѓутоа незнам можеби потребни се повеќе финансии за тоа убаво би било кога би имало едно училиште каде што учат само албанци да видиме со какви проблеми они се соочуваат. "
Види повеќе на:

http://www.youtube.com/watch?v=hNqEVkYzXTo&feature=channel_video_title 

 

-МТВ Елена Јоциќ, мировна едукаторка.

Септември/декември 2011. Формирање и започнување со активности на Младински клубови. Беа формирани клубови во 3 средни училишта (гимназијата "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковски" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов").  Професорите,  мировните едукатори и учениците започнаа активности од областа на Мировното образование. Беа одржани работилници, посети, натпревари... Тие организираа и активности меѓу учениците од трите школи, како што беше на пр. фудбалскиот натпревар со учество на мешовити екипи по пол и етнитет. Спортот и спортските активности претставуваат една од можностите за надминување и на предрасудите и стереотипите меѓу младите и токму затоа, тие се неделив сегмент од програмата за Мировно образование.  Турнирот се одржa, на 02. Ноември 2011 во организација на СГГУ "Здравко Цветковски" .

За активностите на Младинските клубови види повеќе на:

 

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.242486295807464.63256.100001382871995&type=3

http://24fudbal.com.mk/vesti/544/odrzan-turnir-vo-sggu-zdravko-cvetskovski-vo-organizacija-na-prvata-detska-ambasada-megjasi

http://www.youtube.com/watch?v=lmb4TgjHYv8

http://www.facebook.com/media/set/?set=a.242486295807464.63256.100001382871995&type=1

Ноември 2011. Втор тренинг за Мировно образование,  одржан од 16-19.11.2011 во хотел “Алпина” Маврово. На тренингот учествуваа 20 лица, професор(к)и од гимназијата "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковски" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов"; мировни едукатор(к)и и претставници/ки на Детската амбасада Меѓаши. Тренери беа: Ана Битољану од Мирамида Центар Грожњан Хрватска и Блерим Јашари од Тетово. На овој тренинг ги продлабочивме повеќе темите за ненасилна комуникација, начин на донесување на одлуки, разлики помеѓу насилство и конфликти, анализа на конфликти, разлики помеѓу мировно образование и хуманитарно делување, изградба и разградба на мир.
Неколку изјави од учесници/ки на тренингот:

 "Тренингот ги опфаќа неопходните елементи и теми за разбирање на концепцијата, идејата и целите на Мировното образование. Методологијата е мошне пристапна и инспиративна, стимулира на размислување и дава добри идеи и насоки како да се работи во училиштата. "

"Делумно моите очекувања беа исполнети иако не во целост. Сметав дека повеќе ќе се обрне внимание на стереотипите, предрасудите, дискриминацијата како и малцинските прашања затоа што според мене во РМ тие се најчест проблем и од нив започнуваат конфликтите. "

"Моите очекувања се исполнети, особено затоа што научив многу работи и почувствував голема доверба кон тренерите и учесниците во обуката.

"Некои од работите ми беа познати, но имаме многу нови нешта и пристапи кои навистина ми отворија нови перспективи за тоа што е и како се гради мировно образование. Ми се допадна практичните примери и вежби што внесоа динамика во учењето. "

" Научив многу нови нешта. Се зближив со групата (level up)  и запознав нови членови. Чувствувам дека има доверба и почит во групата, желба за соработка. Се наполнив со енергија која ми е потребна за да ги реализирам новите знаења. "

"Ќе се трудам на многу сличен начин како нашите обучувачи, да ги поттикнам кај младите луѓе сличните размислувања кои ќе водат кон нивно сензибилизирање соодветно да го разликуваат насилството и нивната желба соодветно да делуваат да се надмине."

"Дефинитивно ќе применам многу од вежбите и игрите тука. Знам како да им пристапам на децата."

"Ќе се потрудам преку разни активности игри и вежби да ја подигнам (заедно со др членови) свеста за ширењето на мир и поголема толерантност меѓу сите."

"Со нетрпение го очекувам следниот семинар и се надевам дека ќе ги оствариме сите активности кои ги планиравме за младинските клубови во нашето училиште."


Ноември 2011. Подготовки на Танц театар, како техника за креативна разработка на конфликтите.  Во периодот од 28.10.до 30.10.2011 година, во детското одморалиште ,,Шула Мина’’  беше организиран семинар на кој  20 ученици од средното училиште СГГУ ,, Здравко Цветковски’’  беа вклучени во интензивни активности од областта на ненасилната разработка на конфликти. Тие меѓу останатото: даваа идеи, дискутираа на тема ,,Што претставува танц-театарот’’ , излагаа размислувања затоа што претставува толеранцијата како поим и колку е таа потребна на едно општество,  изработија кореографија преку која ја отсликаа идејата и желбата за потолерантно општество. Работилниците се одвиваа во вид на игри и преку дебати учениците (во мешан етнички состав) ги обработуваа темите кои се промотори на толеранцијата во општеството и во иднина ќе ја промовираат пораката за Мир која ја носи танц театарот како алатка. Тренер беше Јелмаз Дервиш, кореограф и Танц театар тренер.о
 
Од 02-04. Декември2011 организиравме семинар на тема Форум Театар, во Кочани, хотел Градче, на кој учествуваа 18 ученици од гимназијата "Никола Карев", СГУЦ "Здравко Цветковски" и СМУГС "Д-р Панче Караѓозов". Цел на обуката беше да се подготви Форумтеатарска претстава, со цел превенирање и справување со насилство меѓу врсници. На учесниците ова им беше прво искуство со Форум театарот како техника. Со оглед на тоа дека учениците доаѓаа од различни училишта и не се познаваа помеѓу себе, на почетокот на семинарот се работеше на меѓусебно запознавање, градење на групна динамика и кохезија. За кратко време се изгради висок степен на групна доверба што е од големо значење во процесот на Форум театарот. Групната доверба резултираше со богато споделување на учениците на реални случки поврзани со темата на семинарот. Тренер на овој семинар беше Владимир Караев.

Презентации на Танц театарот и Форум театарот. Претставите кои беа  подготвени од средношколците кои се членови на Мировните клубови во трите средни училишта во Скопје: СМУГС "Д-р Панче Караѓозов" СУГС “Здравко Цветковски“ и СУГС “Никола Карев” беа одржани во текот на декември 2011. и тие беа проследени од ученици/ки од самите училишта, педагошкиот кадар и раководните тимови на училиштата, претставници од Министерството за образование и наука, општините, медиуми и од други организации/институции.
 
За време на сите проби, подготовки и изведби имаше позитивна атмосфера, а учесниците беа исклучително активни, креативни и посветени. Таквата атмосфера овозможи голема слобода и креативност во изразувањето.  Поддршката од страна на професорите/ките и едукаторите/ките, како  и управата на училиштата, беше од исклучително значење за спроведувањето на сите активности.

Танц театарот беше спроведен во рамките на проектот “Кажи го своето ДА – промовирајќи го Мировното образование во училиштето” финансиски поддржан од Француската амбасада,

Повеќе види на:

http://www.youtube.com/watch?v=Qv3LiFGEHqo&feature=plcp&context=C3609bf3UDOEgsToPDskJSDpAf6zkn75sC91SUgNIJ

 

Танц театар гимназија “Никола Карев”

http://www.youtube.com/watch?v=cdbevDuOSZc&feature=plcp&context=C395d1e2UDOEgsToPDskInve3TAQrhTEyuMQRm48vF - – Форум театар гимназија “Никола Карев”

http://www.youtube.com/watch?v=7i5iplqJNaQ&feature=channel_video_title%20-  Alsat TV

http://www.youtube.com/watch?v=0Vz_g7BkkKg&feature=related - TV MTM

 http://www.facebook.com/media/set/?set=a.216741598381934.56119.100001382871995&type=1

http://www.youtube.com/watch?v=Ovhd-bTuJKE - МТВ, ТОП ТЕМА ШТОЕ Е ТОА МИРОВНО ОБРАЗОВАНИЕ?

ДРУГИ АКТИВНОСТИ
- Средба со група новинари и граѓански активисти/ки од Северна Ирска

На 3 октомври 2011 година со посредство на Македонскиот центар за меѓународна соработка беше организирана посета на Детската амбасада Меѓаши – Програма за Мировно образование од страна на група новинари и граѓански активисти од Северна Ирска.

Гостите од Северна Ирска имаа можност да се запознаат со програмата за Мировно образование и активностите во областа на градењето на Мирот кои Детската амбасада Меѓаши ги спроведува од оформувањето до денес.

- Координативен состанок на мировни организации

На 28. Ноември 2011 во Детската амбасада Меѓаши се одржа втор координативен состанок на граѓански организации кои работат на полето на мирот. Целта на состанокот беше да се запознаат организациите подобро со тековните активности, споделување искуства за применуваните пристапи и методи на работа, а се разговараше и за насилството меѓу младите во и надвор од училиштата, причини, позадина, што можеме ние?

На состанокот учествува претставници/ки од следните организаци: Мировна акција - Прилеп, Антико - Скопје,  Форум ЗФД – Скопје и Струга,  Центар за менаџмент на конфликти - Скопје, Рубикон , Доверба - Куманово, Мајка - Куманово, ЦИД - Куманово ,  Сумнал - Скопје,  Центар за балканска соработка ЛОЈА - Тетово, Совет за превентива од малолетничка деликвенција - Кавадарци,  Младински образовен форум - Скопје,  Прва Детска амбасада во светот Меѓаши - Скопје. Следниот состанок ќе биде организиран во февруари/март 2012. од друга организација.  Првиот состанок беше организиран од страна на Форум ЗФД.
                 
Сите трошоци поврзани со проектот се обезбедени од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ благодарение на финансиската поддршка од Германското федерално министерство за економска соработка и развој...