Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Мировно образование-Форум и танц театарhttp://www.youtube.com/watch?v=7i5iplqJNaQ&feature=relmfu

Форум театар и Танц театар како техники за креативна разработка на конфликтите


ТВ АЛСАТ М 20.12.2011 година
Гости Себастијан Швајцар Раководител на програма за мировно образование, Арменд Беча и Евгенија Трифуновска членови на младинските клубови за мировно образобвание
Новинар Мирјета Ислами
Ни претставува задоволство повторно да Ви се обратиме по повод активностите за промоција на Мировното образование кои продолжуваат и денес, 20.12.2011. со почеток во 12.30 во средното медицинско училиште "Др Панче Караѓозов" во Скопје.
Претставите се подготвени од средношколци кои се членови на Мировните клубови во три средни училишта во Скопје:средно медицинско "Д-р Панче Караѓозов", средно градежно училиште "Здравко Цветковски" и гимназијата "Никола Карев".
Како што веќе знаете, Првата детска амбасада во светот -- Меѓаши од самото нејзино формирање континуирано работи на градење на мирот. Една од нејзините стратешки цели и насоки е превенција на насилството преку ненасилна разработка на конфликтите посебно меѓу децата и младите од различно етничко потекло.
Имајќи го предвид се поголемиот степен на насилства во училиштата
подготвивме Форум театар и Танц театар како техники за креативна разработка на конфликтите. Поектот Кажи го своето ДА -- промовирајќи го Мировното образование во училиштето, финансиски е поддржан од Француската амбасада.