Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Извештај на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 јануари-јули 2011 год.1.     1.      Децата се незаштитени и постојано изложени на насилство и злоупотреба претежно од страна на возрасни лица.

2.     2.      Најголемиот број на пријави се однесуваат на проблеми во семејството(18,18%) каде се нарушени семејните односи и релации.

3.     3.      Децата молчат и трпат насилство. Тие ретко го пријавуваат насилството бидејќи се плашат. Оние кои се јавуваат се возрасни лица блиски на семејството, сведоци на агресијата на која се изложени децата.

4.     4.       Само 8 деца жртви на насилство имале храброст и сами го пријавиле насилството.


СОС телефонот за деца и млади функционира веќе 19 години ( од октомври 1993 година) и на него се регистрирани повеќе од 18.000 повици. Детскиот СОС телефон претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства. Со само еден телефонски повик децата може да добијат помош и информации, стручен совет, психо-социјална поддршка или едноставно да разговораат за проблемите со кои се соочуваат.
 
Генерални препораки и заклучоци

Генерално во нашето општество постои потреба од дополнителна обука на наставниот, здравствениот, социјалниот и останатиот кадар кој работи со деца, со цел подигање на свесноста од сериозноста на последиците по детскиот развој од несоодветно и непрофесионалното извршување на дејноста која што ја обавуваат.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши констатираше неможност на Центрите за социјална работа  за утврдување на позитивна или негативна надлежност, што предизвикува неефикасност во нивното работење, немобилност како и долготрајност во решавање на случаи за кои треба веднаш да се реагира со цел да се заштити детето и неговите најдобри интереси.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши препорачува

§  §  Државните институции и Центрите за Социјална работа да бидат побрзи во утврдување на надлежностите. Сметаме дека на ваков начин ќе се избегне закоченоста на административниот систем и избегнување на одговорноста за неефективното работење.

§  §  Социјалната инспекција при Министерството за труд и социјална политика да има увид во работата на Центрите за социјална работа и да се казнуваваат одговорните за неефектовното работење

§  §  Владата на Република Македонија да ги обезбеди сите неопходни технички средства, како и човечки ресурси и стручен кадар за професинално и навремено извршување на работата.

§  §  Да се врши селекција при вработување и да се распределуваат работните мести според стручноста.

§  §  Редовни и обуки и работилници за вработените со цел да се професионално обучат веќе постоечките кадри.

§  §  Нраодниот правобранител да ги детектира пропустите во заштита на децата и нивите права и да бара построги казни за сторитеплите и одговорност од институциите.

 Од добиените статистички податоци доаѓаме до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно. Најчесто децата жртви се плашат да ги пријават своите родители бидејќи нивната иднина  е неизвесна, сметаа дека подобро за нив е да бидат изложени на постојано насилство отколку да бидат жртви на институционална злоупотреба.

Децата е потребно да се чувствуват заштитено, разбрано и прифатено. неопходно е  да  се научат полесно да ги препознават своите чувства и да се охрабрат за зборуват за нив.

Родителите постојано треба да се во комуникација со своите деца тоа е единствениот начин да знаат што им е потребно и како се чувствуват, со цел подобро да функционираат  да се избегнат сите непријатности.

Кога станува збор за деца кои се жртви на физичко  психичко и сексуално насилство потребно е да се згрижат жртвите и да им се овозможи психо-социјална помош и подршка.


Хармонизација на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22 со европскиот шестоцифрен број за помош и подршка на деца и млади 116 111

      Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја користи бесплатната СОС линија за деца и млади 0800 1 2222, која ја добивме како донација од страна на Македонски Телекомуникации во 2005 година. Но, оваа линија ни овозможува да примаме повици само од корисниците на фиксната телефонија на T-home.

      СОС линијата како служба од јавен интерес, неопходно е да биде достапна за сите деца и млади и нивните родители, поради што Комитетот за правата на детето при Обединетите Нации од Женева, испрати препорака до Владата на Република Македонија за хармонизација на нашиот број со другите европски линии. Во својата препорака, Комитетот наведува:

„Комитетот препорачува државата-членка да осигури континуитет, вклучувајќи и со одделување соодветни средства, за бесплатна 24-часовна линија за помош, да го прошири нејзиниот капацитет за примање повици од сите телефонски оператори, да ? го додели на линијата усогласениот шестцифрен европски број и да ја признае како извор на информации и податоци за политиките и законите за правата на детето и како алатка за рано интервенирање и спречување“

         Со цел соодветно да одговориме на препораките на Комитеот и да обезбедиме достапност на СОС телфонот за деца и млади за сите деца во Република Македонија, писмено се обративме до Агенцијата за електоронска комуникација каде што побаравме согласно член 15 од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија од 2009 година, користење на национален скратен број за услуги хармонизирани на европско ниво 116, односно 116 111. Сеуште сме во комуникација со Агенцијата електронски комуникации за постапката и текот на за добивање на овој број.

            За текот и постапката за хармонизација на СОС бројот 0800 12222 со Европскиот шестоцифрен број 116 111 како и за начинот на спроведувањето на препораките кои Комитетот  за правата на децата од Женева ги има упатено кон Република Македонија Првата детска амбасада во светот Меѓаши содветно ќе го информира самиот Комитет, преку извештајот за состојбата со правата на децата во Република Македонија кој Македонската коалиција за правата на децата чиј координатор е Правата детска амбасада во светот Меѓаши ќе го изготви како дел од Програмата за мониторирање на состојбата со правата на децата во Република Македонија.

Финасиска одржливост на СОС телефонот за деца и млади

0800 1 22 22


СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 како служба за директна помош и поддршка на децата и служба од јавен интерес се уште не е финансиски поддржана од страна на државата.  СОС телефоните во повеќето европски држави се третираат како јавен интерес и се сметаат како потреба на граѓаните и државите ја преземаат обврската за нивната финансиска оддржливост.

            Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обиде да обезбеди финасиска одржливост со потикнување на бизнис секторот за поголема социјална одговорност, продажба на новогодишни честитки и со донација на граѓаните во касичките поставени на повеќе локации во Републиката. Сепак овие средства не се доволни и неопходна е финасиска помош и подршка од страна на Владата на Република Македонија.

            За таа цел и со намера да обезбедиме континиутет и одржливост на СОС телефонот како Детска амбасада се обративме до Претседателoт на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, до Премиерот на Република Македонија Г-дин Никола Груевски, до Националната комисија за правата на детето, и до Министерството за труд и социјална политика да ги потсетиме овие институции за препораките од Комитетот за права на децата  донесени во Женева каде се вели:

Комитетот за правата на детето во Женева на својата педесет и четврта седница ги разгледа извештаите од државите членки по 44 член од Конвенцијата за правата на детето. Го разгледа вториот периодичен извештај на Република и усвои неколку препораки за белешки на својата 1514-та средна која с еодржана 11 јуни 2010 година.  во своите препораки до Владата на Република Македонија во кои наведува:

„Комитетот ја забележува 24-часовната бесплатна СОС-телефонска линија за деца и млади што ја води една невладина организација, но е загрижен дека таа нема долгорочна финансиска поддршка и за тоа дека е достапна само преку еден конкретен телефонски оператор и не е достапна преку мобилен телефон.

Комитетот препорачува државата-членка да осигури континуитет, вклучувајќи и со одделување соодветни средства, за бесплатна 24-часовна линија за помош.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во своето обраќање ги замоли надлежните институции сериозно да ги земат предвид препораките на Комитетот за правата на детето и финансиски да го поддржат функционирањето на СОС телефонот за деца и млади и бесплатната правна служба.

Повеќе

http://www.childrensembassy.org.mk/WBStorage/Files/SOSIzvestajJanuariJuli2011.pdf

Видео

http://www.youtube.com/watch?v=O3jhOKDpUDg