Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Исчезнати и грабнати деца

 Центарот за исчезнати и експлоатирани деца во Југоисточна Европа

-На ден 29.09.2011 година Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Центарот за исчезнати и експлоатирани деца во Југоисточна Европа (Southeastern Europe Centre for Missing and Exploited Children) – (SEEC) во просториите на Детската амбасада Меѓаши имаа работна средба на која се разговараше за можностите за воведување на посебен 116 000 број за помош на исчезнати деца во Република Македонија, како и за можностите за формирање на Македонски Национален Центар за исчезнати и експлоатирани деца.

Состанокот е организиран на иницијатива на Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ (Smile of the Child) која заради проширување на активностите и во Република Македонија неодамна се обрати до Првата детска амбасада во светот Меѓаши со предлог за можна соработка во насока на постигнување на оваа цел и наше учество при организирањето на овој работен состанок и покана на учесниците. Детската амбасада Меѓаши и Smile of the Child (повеќе информации на: http://www.hamogelo.gr)  се членки на Меѓународната мрежа на СОС телефони за помош на деца ( Child Helpline International - повеќе инфромации на: http://www.childhelplineinternational.org).

 Центарот за исчезнати и експлоатирани деца во Југисточна Европа (SEEC) е формиран во 2010 година, како резултат на заеднички активности помеѓу Грчката невладина организација „Насмевката на детето“ (The Smile of the Child) и Меѓународниот Центар за исчезнати и експлоатирани деца (International Centre for Missing and Exploited Children) ( (ICMEC).

 Мисијата на ЅЕЕС е да презема акции за соработка со цел подобрување, споделување и ширење на најдобрите практики помеѓу сите релевантни институции од Југоисточна Европа (ЈИЕ) заради ефикасно справување со растечкиот проблем на исчезнати и експлоатирани деца. ЅЕЕС поттикнува отворено партнерство на сите нивоа, во функција на преземање активности за пронаоѓање и враќање исчезнати деца, намалување на сите облици на злоупотреба на деца, како и активности со цел за постојана заштита на правата на детето. Во моментов, поради актуелната состојба во регионот на ЈИЕ, ЅЕЕС работи под раководство на Грчката НВО „Насмевката на детето“ (The Smile of the Child), која веќе 15 години активно работи на полето на заштитата на правата на детето.

 Според Акциониот план за 2011 година ЅЕЕС досега имаат остварено две теренски посети во регионот на ЈИЕ. Во Белград, Србија и Загреб, Хрватска биле организирани заеднички состаноци со владини претставници и претставници на граѓанскиот секторот со фокус на соработката за отварање на 116000 Европската линија за помош на исчезнати деца, како и ЈИЕ Национални центри за исчезнати и експлоатирани деца во овие земји.

 Поради фактот дека воведувањето на 116 000 – Европскиот број за помош на исчезнати деца и формирањето на Националниот Центар за исчезнати и експлоатирани деца може да се оствари само прку соработка со владините и невладините релевантни институции во земјава, на состанокот присуствува претставници од Министерството за труд и социјална политика, од  Министерството за надворешни работи, од Агенцијата за електронски комуникации, од Народниот Правобранител, од Националната комисија за правата на децата во Република Македонија, од Центарот за социјална работа, како и претставници од Македонската национална коалиција на граѓански организации за правата на детето (Отворена порта Ла страда и Хопс) и претставник на мисијата на UNHCR во Република Македонија.

Во текот на средбата беа споменати и чекорите кои Детска амбасада Меѓаши веќе ги има преземено за хармонизирање на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 со Европскиот број за деца и млади на 116 111. Ова е воедно и една од препораките на Комитетот на Обединети нации за правата на детето кои ги испрати минатата година до Владата на РМ во кои наведува:

„Комитетот ја забележува 24-часовната бесплатна СОС-телефонска линија за деца и млади што ја води една невладина организација, но е загрижен дека таа нема долгорочна финансиска поддршка и за тоа дека е достапна само преку еден конкретен телефонски оператор и не е достапна преку мобилен телефон“.

Комитетот препорачува државата-членка да осигури континуитет, вклучувајќи и со одделување соодветни средства, за бесплатна 24-часовна линија за помош, да го прошири нејзиниот капацитет за примање повици од сите телефонски оператори, да ? го додели на линијата усогласениот шестцифрен европски бро ј 116 111 и да ја признае како извор на информации и податоци за политиките и законите за правата на детето и како алатка за рано интервенирање и спречување“