Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Грозоморен случај на педофилија и силување во Скопје-Грозоморен случај на педофилија и силување во Скопје

08.10.2011 - 13:54 | Македонија

Малолетно девојче со месеци под сексуална тортура од очувот. Со закана дека нема да и дава пари и дозвола да се дружи со другарките, 51-годишниот педофил од Скопје го користел времето кога мајката била на работа и се изживувал врз девојчето кое е помало од 14 години.Насилно ја соблекувал, и ги допирал градите и половиот орган, а за време на сексуалниот чин ја држел раката на нејзината уста за да не може да вика помош.Грозоморниот случај на силување и педофилија во полиција го пријавила нејзината 32-годишна мајка, која на 5-ти овој месец дознала за монструозното однесување на сопругот и за драмата која со месеци се случувала во нивната семејна куќа.Тој ден девојчето било силувано последен пат. Откако го однела полубратот во училиште се вратила дома и легнала да спие. Но очувот и упаднал во собата ја разбудил и ја принудил на сексуален однос.Педофилот не застанал само кај поќерката. На 30-ти минатиот месец и се заканил да ја донесе и нејзината другарка која исто така ја силувал откако претходно ја заклучил влезната врата на куќата.Силувачот е приведен во полициската станица во Гази Баба и веќе изведен пред истражен судија.

Сања Димитровска

http://www.youtube.com/watch?v=aXZ_KUvxA0o

http://sitel.com.mk/video/makedonija/reakcija-na-megjashi-za-pedofilskiot-slu...