Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Глобална кампања за образование-Недела на акција
2.1. Повеќе од 18 илијади деца се неписмени

-ГЛОБАЛНА АКЦИЈА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА НАЈМЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС

И покрај задолжителното основно и средно образование голем е бројот на младите кои се надвор од училишните клупи, а анализите покажуваат вкупно 200.000 лица немаат завршено основно образование, соопштуваат од "Меѓаши"

Во Македонија има околу 18.500 неписмени деца. Тие наместо во училишните клупи времето го поминуваат на улиците, во питачење. Статистиките покажуваат дека е огромен бројот и на возрасните кои немаат завршено основно образование и покрај тоа што постојните законски регулативи во Македонија пропишуваат задолжително основно и средно образование. Слична е состојбата и во светски рамки.

- Еден од секои пет луѓе во светот не може да го прочита ова. Поголемиот број од нив се од женски пол, речиси 40 милиони девојчиња немаат никакво образование, не се вклучени во училиштата, соопштуваат од Првата детска амбасада во светот "Меѓаши".

Според нив невклученоста во процесот на образованието претставува ризичен фактор за децата за нивно вовлекување во најлошите форми на детски труд, како и нивна подложност на девијантно однесување.

Ова е главната причини поради која е започната светската кампања за вклучување на сите деца во задолжителниот процес на образование. Целта на кампањата за зајакнување на свеста за потребата од вклучување на најмладите во задолжителниот процес на образование во целиот свет, во рамки на Глобалната недела на акција, што се одржува секоја година на меѓународно ниво. Национален координатор за Македонија е токму "Меѓаши".

Од таму додаваат дека дел од предвидените активности во кампањата се и читање на претходно собрани инспиративни писма од неколку жени во кои се раскажува како образованието придонело за позитивни промени во нивните животи и раскажување на животната приказна на неколку жени пред децата во Дневниот центар за деца кои не одат на училиште, во просториите на Првата детска амбасада во светот "Меѓаши".

Овогодинешната тема е Образование на жените и девојчињата" со слоган Тоа е право; Остварете го тоа право: Образование за жени и девојчиња сега!" и со потслоган Да, таа може".

- По тој повод во повеќе од 100 земји низ целиот свет ќе се здружат политичари, активисти и граѓани кои треба да ги слушнат инспиративните приказни на жени и девојчиња кои раскажуваат за улогата на образованието во нивниот живот. Во Македонија во тек на еднонеделната кампања, која ќе трае до 9 мај, а ќе бидат организирани повеќе настани наречени Големата приказна", при што е најавено посветување на еден училишен час на темата Тоа е право; Остварете го тоа право: Образование за жени и девојчиња сега!". Исто така, наставниците и педагозите ќе имаат за задача да им објаснат на децата на пригоден и информативен начин дека 69 милиони деца во светот не одат на училиште, не знаат да читаат и пишуваат и дека поголемиот број од нив се девојчиња, појаснуваат од "Меѓаши.

(А.И.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=B12AED9B29F2F446963DB48585C3B81B