Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Форум и танц театар-Кажи го своето ДА – промовирајќи го мировното образование во училиштето”
 
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши од самото нејзино формирање континуирано работи на градење на Mирот. Една од нејзините стратешки цели и насоки е превенција на насилството преку ненасилна разработка на конфликтите посебно меѓу децата и младите од различно етничко потекло. Имајќи го предвид се поголемиот степен на насилство во училиштата а и воедно по повод 10-ти декември, светскиот ден на човековите права, ќе организираме два настани кои би сакале да Ве поканиме да ги проследите. Во рамките на проектот “Кажи го своето ДА – промовирајќи го мировното образование во училиштето”, подготвивме Форум театар и Танц театар како техники за креативна разработка на конфликтите и тие ќе бидат одржани во:

- вторник, гимназија “Никола Карев”, 06.12.2011. 

- среда, СУГС “Здравко Цветковски”, 07.12.2011. и

- вторник, средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ 20.12.2011.

Претставите се подготвени од средношколци/ки кои се членови на Мировните клубови во три средни училишта во Скопје: СМУГС "Д-р Панче Караѓозов" СУГС “Здравко Цветковски“ и СУГС “Никола Карев” и тие ќе бидат проследени од ученици/ки од самите училишта, педагошкиот кадар и раководните тимови на училиштата, претставници од Министерството за образование и наука, општините, медиуми и од други организации/институции.

Проектот “Кажи го своето ДА – промовирајќи го мировното образование во училиштето“ финансиски е поддржан од Француската амбасада.

http://www.youtube.com/watch?v=7i5iplqJNaQ&feature=relmfu