Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


СОС телефон за деца и млади 0800 1 22 22- http://www.youtube.com/watch?v=rIKEfc4saOE&feature=channel_video_title

МТМ Емисија КОЛЕОСЕК 21.12.2011 Гостување Даниела Трајковска координатор на СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 при ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ


Тема на разговор беа новогодишните честитки кои се изработуваат во Детската амбасада Меѓаши и со чие купување се подржуваат директните сервиси кои се тука за сите деца, како бесплатниот СОС телефон за деца и млади, бесплатната правна служба, дневниот центар за деца кои не се вклучени во образовниот процес, борба против педофилија, борбата против насилство врз децата.
Честитките можат да се набават директно во просториите на Амбасадата Меѓаши ул. Коста Новаковиќ бр. 22 А или да се порачаат преку електронска пошта на нашиот e-mail: info@childrensembassy.org.mk и телефонски број 2465-316, или во некоја од online продавниците како еквизит, купи на попуст или групер.
СОС телефонот за деца и млади функционира веќе 19 години и на него се регистрирани повеќе од 18500 повици.
Детскиот СОС телефон претставува служба за директна помош и поддршка на децата, младите и нивните семејства.
Во однос на случаите за кои најмногу не контактираат граѓаните, најголемиот број на пријави се однесуваат за семејно насилство и бракораводни постапки.
Во зависност од видот на проблемот за кој ни се обраќаат јавувачите, паралелно со СОС службата функционира и бесплатната правна служба, која писмено се обраќа до надлежните институции и од кои бара подетално да го разгледаат случајот и доколку има прекршување на детските права бара да се реагира според нивните надлежности и во најдобар интерес на децата.

http://www.youtube.com/watch?v=O3jhOKDpUDg