Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Злоупотреба на детскиот труд
12 Јуни Светски ден против детскиот труд

-Стотици милиони девојчиња и момчиња во целиот свет се жртви на детски труд изложувајќи се на ризична и опасна работа што ги лишува од соодветно образование, здравство, одмор и основни слободи. Повеќето од нив се изложени на најлошите форми на детски труд, како што се работа во опасни средини, ропство, или други форми на принудна работа, незаконски активности како што се трговијата со дрога и проституција, како и учество во вооружени конфликти.

Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 2002 година го лансираше првиот Светски ден против злоупотреба на детскиот труд, како начин да се нагласи состојбата на овие деца. Светскиот ден за борба против детскиот труд има за цел да промовира свест и делување за справување со детскиот труд. Поддршката за овој ден расте секоја година. Според Глобалниот извештај на МОТ за детскиот труд во 2010. се проценува дека има 215 милиони деца работници во светот, a  115 милиони деца се вклучени во работи опасни по детското здравје, безбедноста или моралот.  Вниманието на меѓународната заедница денес и невладините организации како што е на пример Глобалниот марш против детскиот труд се насочени кон отстранување на најтешките форми на детски труд до 2016 година, но загриженоста дека тоа ќе се постигне е се поголема поради фактот дека на овој проблем не му се посветува доволно внимание ниту ресурси за постигнување одржливи  социјални промени. За да се постигне елиминирање на најлошите форми на детскиот труд потребни се големи напори и посветеност во делот на редуцирање на сиромаштијата, подобра социјална заштита и вклучување на сите деца во образованието.

Со одбележување на 12 јуни Меѓународниот ден против злоупотреба на детскиот труд, Првата детската амбасада во светот Меѓаши потсетува дека  Република Македонија иако ја ратификуваше конвенцијата бр.182,   сеуште состојбата  со детскиот труд е алармантна. На д 18 000 деца во Република Македонија не одат на училиште и над 2000 деца секојдневно денот го поминуваат на улица во субстандарни услови, живеејќи под ведро небо без родителска грижа. Најчесто овие деца се жртви на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Ги има од сите возрасти и националности, но најмногубројни се Роми. Правото на сите деца да учат е природно право на секое човечко суштество. Ова важи особено за децата од улица, бидејќи ако државата обезбеди задолжително бесплатно и пред се квалитетно образование за секое дете може да се затвори кругот на неписменост, сиромаштија,  детска експолатација и злоупотреба.

Децата на улица ако се вклучат во училиштето ќе бидат дел образовниот процес и ќе имаат други навики и потреби. Ќе треба и ќе мора да ги исплнуваат училишните обврски.

Постојат значителни разлики помеѓу видот на работа кои децата го вршат. Некои од нив се опасни по нивното физичко и психичко здравје, некои од нив ја загрозуваат моралната благосостојба на децата.  Децата извршуваат широк спектар на  активности кога работат. Сепак најчесто под терминот “детски труд” се подразбира дејство кое го вршат децата и кое ги лишува од нивното детство, нивниот потенцијал, нивното досоинство и штети на нивниот психички и физички развој.

Во член 3 од Конвенцијата бр.182 за забраната на најлоши форми на злоупотреба на детски труд се наведува дека најлоши форми на детскиот труд се однесуваат на сите видови на ропство, продавање и трговија со деца, присилна и принудна работа, употреба, посредување или понуда на дете за проституција, за производство на порнографија; употреба, посредување на дете за противзаконска дејност, посебно за производство и трговија со дрога; работа која по својата природа или околности во кои е извршена штети на здравјето, сигурноста и моралот на децата.

Комитетот за правата на детето при ООН, пред една година упати препорака до Владата на Република Македонија во која се вели:

“Комитетот препорачува државата да го зајакне спроведувањето на законите и политиките за работни односи и да ги истражи основните причини за да се спречи појавата на деца во опасност од детски труд, особено во неформалната економија.”

Како што е познато, Владата на Република на Македонија прави напори да ја намали злоупотребата на детскиот труд со отварање на дневни центри, каде што дел од децата кои од најразлични причини не се вклучени во редовниот образовен процес секојдневно доаѓаат. Во дневните центри им се дава оброк, облека, обавуват основни хигиенски потреби и се здобиваат со основни воспитно-образовни содржини. Но,ставот на Правата детска амбасада во светот Меѓаши е дека дневните центри не се трајно решение, за обезбедување на основните права на децата на право на дом, образование и заштита од злоупотреба на детски труд. Најчесто овие деца по престојот во дневниот центар повторно завршуваат на улица и ги обавуваат нивните неформални секојдневни обврски (собирање старо железо, пластика, препородавање ситни дребулии и питачње). Причина за ова не е нивната желба или несакањето да уживаат во детската игра и безгрижност, најчесто овие деца се чувствувааат должни да обезбедат егзистенција за своето семејство. Не помалку различна е и состојбата со деца кои се жртви на детски труд во руралните средини, во земјоделието, сточарството или во домаќинствата (особено девојчињата).

Се надеваме дека и оваа година овој ден, 12 јуни, ќе биде широко поддржан од страна на Владите, организациите на работници и работодавачите и сите оние кои ги засега проблемот со справување и искористување на детскиот труд. Посебен акцент треба да се стави на превентивното делување во борбата против  детскиот труд. Наставниците, новинарите, работодавците, синдикатите и самите деца треба да се информираат за начините за справување со детскиот труд. Повеќе информации за тоа што секој од нас треба да преземе независно во кое својство настапува (работодавец, наставник, родител, новинар..) за да ја помогнете борбата против злоупотреба на детскиот  можете да најдете на  нашата интернет страна

http://childrensembassy.org.mk/?ItemID=B532A1E81BF37A4B9F7728776B74078E