Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКиТе Организации

Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ (ПДАСМ) во истражувачкиот извештај „Довербата во Македонија“, кои се однесуваат на „Довербата во граѓанското општество“ и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ е на прво место во однос на довербата кај граѓаните. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

 

Извештајот се заснова на наодите од истражувањето спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинствата во декември 2010 година на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Ова е четврт извештај кој се однесува на довербата (вклучително и во граѓанското општество), првите три беа презентирани во 2006, во 2007 и во 2008 година. Носител на оваа активност за истражувачкиот извештај е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

           

Во истражувањето наменето за "Довербата во граѓанското општество“ и  „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ Првата детска амбасада во светот според анкетираните граѓани е на следните позиции:.
 
  (1) прво место во однос на доверба или позитивни наспроти негативни ставови за органзиацијата. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1
 
(2) второ место како пример на најуспешна организација
 
(2) второ место на граѓани кои знаат за Првата детска амбасада во светот Меѓаши 56,2%. Додека 81,4%, од граѓаните во Република Македонија слушнале за МЕЃАШИ
 
Во одредени потсектори е препознаен како:
 
(2) МЕЃАШИ е на второ место  во секторот  Демократија и човекови права.
 
( 4) четврто место во секторот организација во Развој (јакнење)на граѓанско општество
 


 

 

 

http://www.mcms.org.mk/images/docs/2011/doverbata-vo-makedonija-2010.pdf


Довербата во граѓанските организации 2010

Довербата во граѓанските организации 2008

Довербата во граѓанските организации 2007

Довербата во граѓанските организации 2006