Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Педофил преку „Фејсбук“ намамил дете за да го обљуби

Струмичанецот А.Т. (25) преку социјалната мрежа „Фејсбук“ запознал 10-годишно машко дете и откако се договориле да се сретнат, го намамил да одат на друго место, каде што сакал да изврши полови дејства врз него. Случајот во полиција го пријавила мајката на детето. 

Против   А.Т. е поднесена кривична пријава за намамување за обљуба или друго полово дејство на малолетник што не наполнил 14 години.  
 
Истрагата     утврдила дека осомничениот на 18 март преку „Фејсбук“ почнал комуникација со десетгодишникот од градот и почнал да го наговара да се сретнат. Детето прифатило, па во следните три дена два пати се сретнало со осомничениот. На втората средба, на 21 март А.Т. го убедувал детето да одат во близина на црква за да извршат полови дејства. Детето се уплашило и избегало, а за средбата ~ кажало на мајка си, која веднаш го пријавила случајот во полиција. Неофицијално, ова не било прв пат осомничениот да имал средба со деца што ги запознавал на интернет. Истрагата ќе утврди дали пријавениот злоупотребувал други деца.  

Пријави за злоупотреби на децаОва   е прв случај МВР да открие и кривично да пријави лице што преку интернет намамува дете за да изврши полови дејства. Полицијата досега не открила случај македонски граѓанин да злоупотребувал деца поставувајќи на интернет нивни фотографии на кои тие се голи или сцени од сексуални акти или сексуално да злоупотребил дете откако контактирал со него преку интернет. Во  светот се` почести се вестите за силувани или убиени деца, кои педофилите ги измамиле и ги намамиле на средби преку социјалните мрежи на кои поставувале лажни профили. 

Од  Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ велат дека на СОС- телефонот за деца и млади 0800 1 2222 биле регистрирани дојави за злоупотреба на децата преку интернет.  

- Се` повеќе возрасни лица контактираат со нас за да пријават несоодветни фотографии на Фејсбук-профилите од возрасни лица или со деца. Има и дојави за видеоматеријали со сексуални содржини од малолетни лица, поставени за да ги нарушат угледот и достоинството на друго малолетно лице. Многу често децата и младите преку можностите за директна комуникација, кои ги нуди интернетот, разговораат со непознати лица на кои целосно им се доверуваат, а неретко и прифаќаат средба со нив.  

Децата    наместо на родителите, за првите сексуални желби и искуства му се доверуваат на „другарот од интернет мрежата“ - велат од „Меѓаши“.
 
Првата   детска амбасада информира дека лани имале дојава оти лице кое претходно било обвинето за полов напад врз малолетник што не наполнил 14 години с` уште преку „Фејсбук“ лажно се претставувал, измамувал и подведувал малолетни деца.  
 
За  овој случај било известено МВР - Секторот за компјутерски криминал и Дирекцијата за заштита на лични податоци. 

Социјалните   онлајн-мрежи се препорачуваат за тинејџери над 15-годишна возраст, кога веќе не е етички да се врши родителски надзор, но и понатаму е задолжително да се водат редовни разговори заради зачувување на нивната безбедност и приватност.  
 
Родителскиот надзор најдобра заштитаВо   последниот извештај на Фондот за заштита на децата при Организацијата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупредуваат дека повеќе од 750.000 педофили постојано демнат на интернет. Во светот постојат околу 4 милиони веб-страници на кои има фотографии со сексуално злоупотребени деца, па дури и бебиња. Секојдневно на интернет се ставаат по 200 нови фотографии на сексуално експлоатирани деца, а дека меѓу 10.000 и 100.000 малолетници се жртви на онлајн-грабливци. Детската порнографија на интернет претставува светски проблем што со развојот на новите технологии постојано расте, а истовремено е профитабилен бизнис вреден околу 20 милијарди долари.
 
 Во  борбата против интернет-педофилијата се вклучи и „Фејсбук“. Од почетокот на март почна дневно да исклучува 20.000 деца од својата веб-страница, бидејќи се оценети како премлади за пристап на мрежата. Најголемата светска социјална мрежа располага со механизам за откривање деца што „лажат“ за своите години. „Фејсбук“ дозволува отворање профили на лица со наполнети 13 и повеќе години. 
 

- Родителите   и старателите се клучни во заштитата на децата на интернет. Родителите мора да бидат повеќе внимателни како нивните деца го користат интернетот. Потребно е родителите да постават и временско ограничување за времето поминато на интернет во текот на еден ден. Покрај родителите, и наставници треба да се грижат за безбедноста на децата и на младите додека се на интернет и треба да му помогнат на ученикот кој имал проблем или непријатно доживување од контакт на интернет - велат од „Меѓаши“.  
 
Од  амбасадата препорачуваат граѓаните да ја посетат веб-страницата „безбедно на интернет“ www.crisp.org.mk, кој содржи голем број корисни информации за користењето интернет и за децата и тинејџерите и з родителите и наставниците, а е достапна на македонски и на албански јазик.