Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Неефикасноста на Центрите за социјална работа уништиле детски живот

Деветгодишно дете цела година живеело во страв и агонија, било малтретирано и злоставувано од својот родител оти Центрите за социјална работа во државава не можеле да утврдат кој ја има надлежноста врз решавање на случајот. 

Имено, во текот на оваа година детската амбасада “Меѓаши“ добила дојава од возрасно лице за состојбата на деветгодишно дете чии родители подолго време се разведени. Родителот кој нема старателство не пројавил никаква желба да стапи во контакт со сопственото дете. Дури во 2010 година за првпат изразил желба да го види детето, при што со меѓусебен договор на родителите детето една недела требало да биде со другиот родител. После изминувањето на договореното време за видување родителот кој не е старател решил детето да остане со него. Иако не бил во состојба да се грижи, бидејќи имал историја на асоцијално, промискуитетно однесување и долгогодишен корисник на опојни средства, тој цела година не водел грижа за детето кое било затворено само дома и гладно и цела година не посетувало училиште. Постојано во текот на целата година детето живеело во страв и било занемарувано и злоставувано. Родителот и роднините кои го имале правото на грижа, заштита и воспитување на детето се упатиле до Центрите за социјална работа и до Секретаријатот за внатрешни работи со цел да го земат детето и да го заштитат, но нивните реакции и барања не биле сериозно земени во предвид. Училиштето во кое било запишано детето правело напори за домашна посета за да се увидат причините за непосетување на наставата, но немало никаков резултат. Центрите иако имале информација дека детето живее со насилник, во неможноста да утврдат кој од нив е надлежен да постапува во овој случај, цела година го оставиле незаштитено.

“Меѓаши“ писмено се обратила до Центрите за социјална работа во Гевгелија, Струмица, Скопје, Гевгелија, до Народниот правобранител, Социјалната инспекција во МТСП и Државниот просветен инспекторат, а одговор добиле само од ЦСР Гевгелија кои ги информирале дека тие испратиле барање до ЦСР Струмица и Скопје но, не добиле одговор. Тие биле информирани за ситуацијата, но не можеле да преземаат активности без присуство на полиција бидејќи станува збор за насилно лице.

Полицијата од Гевгелија ја информирала амбасадата дека тие не можат да реагираат додека не добијат решение од ЦСР.

Во текот на овој месец Центарот од Гевгелија ја информирала амбасадата дека детето е земено од насилникот родител и предадено на родителот кој го има старателството.

Неефикасноста на државните институции го довеле во прашање оптималниот раст и развој на детето. Прекршени се основните детски права на образование, здравствена заштита. Детето е истрауматизирано, исплашено од насилството и негрижата на која било изложено цела година.

Детската амбасада “Меѓаши“ констатираше неможност на Центрите за социјална работа во разрешување на позитивна или негативна надлежност што предизвикува неефикасност во нивното работење како и долготрајност во решавање на случаи за кои треба веднаш да се реагира со цел заштита на децата.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=83808&kategorija=1