Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


На Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп и СЕ ЗАБРАНУВА Натамошно вршење на дејствието на асоцијација и имитација

На Детската амбасада за сите деца во светот во Прилеп и СЕ ЗАБРАНУВА Натамошно вршење на дејствието на асоцијација и имитација на заштитената трговска марка ТМ-10-2008/500 означена како Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ во збор, сторено со препишување на зборовите „детска“ , „амбасада “ и „светот“ и неовластена употреба на заштитената трговска марка во збор како знак на свое Здружение на граѓани и фондации, Првата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија е основана на 29.04.1992 година и самиот назив „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“ е заштитен во Државниот завод за индустриска сопственост со решение број 10-3305 од 01.06.1994 година, со што се признава правото на индустриска сопственост и тоа трговска марка „Прва детска амбасада“, со право на првенство од 25.02.1994 година, а со датум на важење до 25.02.2004 година. На ден 28.05.2009 година, Државниот завод за индустриска сопственост на РМ донесе решение со кое на Прва детска амбасада во светот Меѓаши го призна правото на услужна, индивидуална трговска марка и тоа со содржина „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“, со право на првенство од 07.05.2008 година. Застапник по закон на Прва детска амбасада во светот Меѓаши е Драги Змијанац – извршен директор и основач на истата.

На ден 03.03.1999 година е основано здружението Детска амбасада за Сите деца во светот Прилеп, со застапник по закон Дамјанчо Стојаноски од Прилеп. Називот на ова здружение е многу сличен со називот на Прва детска амбасада во светот Меѓаши. Како резултат на сличноста на имињата беа доведувани и се уште се доведуваат во заблуда повеќе субјекти, меѓу кои и јавноста што е воочливо од неколку случаи во кои фактурите каде е должник Детска амбасада за Сите деца во светот Прилеп пристигнуваа на адреса на Првата детска амбасада во светот Меѓаши; во новинарски текстови објавени во дневни весници и на интернет, се случувало мешање на идентитетот на двете здруженија. Називот на оваа организација не е заштитен како трговска марка.

Со цел да го заштити своето име, углед и доверба кај граѓаните како и да ја расчисти заблудата што постои кај некои субјекти, Првата детска амбасада во светот Меѓаши има поднесено две тужби против „Детска амбасада за Сите деца во светот“ Прилеп за злоупотреба на името.

Прва тужба:

Во првата тужба врз основа на чл.10 став 3 од Законот за здруженија на граѓани и фондации, во кој стои дека „името на здружението мора јасно да се разликува од имињата на другите здруженија на граѓани и фондации кои се запишани во регистерот“; Првата детска амбасада во светот Меѓаши како тужител се повика на тоа дека називот на Детска амбасада за сите деца во Прилеп како тужен содржи три идентични зборови кои се веќе употребени во називот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и тоа зборовите „детска“, „амбасада“ и „светот“, со што во јавноста и во поштенскиот сообраќај се создала забуна и мешање на имињата на двете здруженија на граѓани, за што сведочат фактури, написи на новинари и други дописи. Во дел од написите се направени грешки при наведувањето на имињата или се прави спој од двата назива на здруженијата. Поради тоа што имињата на странките се слични често доведува во јавноста забуна во однос на нивниот вистински идентитет.

Врз основа на оваа тужба поднесена од Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Основниот суд во Прилеп ја донесе и објави пресудата Мал.В.Т.С.бр.02/2008 во која се утврдува право на првенство на постојното име на Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија – Скопје, со што се задолжува Детска амбасада за сите деца во Прилеп да исплати на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, сума во износ од 44.570,00 денари на име процесни трошоци.

По станувањето на оваа одлука правосилна на 02.10.2008 и извршна на 10.10.2008 Првата детска амбасада во светот Меѓаши се обрати кај извршител за да бара наплата на наведената сума. Од страна на извршителот бевме информирани дека не е возможно да се изврши наплата од сметката на Детска амбасада за сите деца во Прилеп, затоа што истата е блокирана.

Втора тужба:

Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија поднесе втора тужба врз основа на Законот за индустриска сопственост против Детска амбасада за сите деца во светот Прилеп за повреда на заштитено право од индустриска сопственост – трговска марка со која е заштитено името – Прва детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија, и побара од судот да утврди дека тужениот преку асоцијација и имитација со транслитерација на името на тужителот, го употребил својот назив во правниот промет, да утврди дека името на тужениот претставува препишување на три исти збора по редослед и со тоа јасно не се разликува од името на тужителот

Пресуда на Основен суд во Прилеп ТС.бр.94/2008:

Врз основа на оваа тужба, Основниот суд во Прилеп донесе пресуда со која се утврдува повреда на правото на заштитена трговска марка ТМ 10-2008/500 со знак „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“ во збор, на тој начин што „Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп“ преку асоцијација и имитација го употребил во знакот „Детска амбасада на сите деца во светот во Прилеп“ како назив на здружение на граѓани во промет со трети лица.

Судот утврдил дека називите на странките се поклопуваат со три зборови  „Детска “,  „амбасада“   и „светот“,    ваквото поклопување на зборовите претставува транслитерација и имитација на заштитената трговска марка на тужителот заради што се создава забуна во правниот промет и се случувале ситуации кои се документирани со писмени докази. Имено, се појавувале фактури со назив на тужителот како должник иако корисник на услуги бил тужениот, понатаму се јавувале ситуации да дописи адресирани до тужителот, истиот да ги прима и да констатира дека се однесуваат на тужениот. Во новинарски текстови објавени во дневни весници и интернет, се случувало мешање на идентитетот на странките – тужителот и тужениот.

Врз  основа     на вака утрврдените факти, првостепениот суд утврдил дека со регистрацијата на здружението со назив „Детска амбасада за сите деца во светот Прилеп“, тужениот го повредил заштитеното право од индустриска сопственост на тужителот, согласно одредбите на чл.202 од Законот за индустриска сопственост.

Подолу во пресудата се вели дека на Детската амбасада на сите деца во Прилеп СЕ ЗАБРАНУВА:

А) Натамошно вршење на дејствието на асоцијација и имитација на заштитената трговска марка ТМ-10-2008/500 означена како „Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ во збор, сторено со препишување на зборовите „детска“, „амбасада“ и „светот“ и неовластена употреба на заштитената трговска марка во збор како знак на свое Здружение на граѓани и фондации,

Б) Користење во промет на знакот кој е идентичен или сличен со заштитената трговска марка ТМ10-2008/500 за идентични или слични услуги бидејќи таквата сличност создава забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можност за асоцијација меѓу знакот на тужениот и заштитената трговска марка на „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“ во збор;

В) давање на услуги или пуштање во промет производи обележани со знак кој е идентичен или сличен со заштитената трговска марка ТМ10-2008/500 или складирање на производи со таква намена, увоз или извоз на производи под знак кој е идентичен или сличен на заштитената трговска марка

Г) Користење на знак кој е идентичен или сличен на заштитената трговска марка ТМ10-2008/500 означена како „ Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“ при кореспонденција, овластување и рекламирање.

Подолу во пресудата се додава дека И СЕ НАЛОЖУВА НА

Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп да  се  воздржи од натамошна повреда на правата на Прва детска амбасада во светот Меѓаши во врска со заштитената трговска марка ТМ10-2008/500 означена како  „Прва детска амбасада во светот Меѓаши“   во збор.

Основниот судот во Прилеп во пресудата ЈА ЗАДОЛЖУВА   Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп, да ја објави оваа пресуда по нејзината правосилност во едно од средствата за јавно информирање на ниво на Република Македонија, на свој трошок.

Воедно судот ЈА ЗАДОЛЖУВА Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп да и исплати на Прва детска амбасада во светот Меѓаши сума во износ од 24.340,00 денари на име парнични трошоци.

Против оваа пресуда на Основниот суд Прилеп, тужениот Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп поднесе жалба до Апелационен суд Битола. На ден 22.12.2010 година, Апелациониот суд во Битола донесе пресуда со која ја ОДБИВА жалбата на тужените Детска амбасада за Сите деца во светот – Прилеп како неоснована и дека ја ПОТВРДУВА пресудата на Основниот суд во Прилеп ТС.бр.94/2008 од 15.10.2009.

Заклучни согледувања:

Би сакале да нагласиме дека ова судска пресуда се уште не е правосилна, но во случај кога би се исполниле сите услови и истата стане правосилна, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе ги преземе сите законски мерки кои и стојат на располагање со цел извршување на наведената пресуда, односно доколку истата не се испочитува ќе поведе кривична постапка за непочитување и неизвршување на судска одлука. Во меѓувреме Првата детска амбасада во светот Меѓаши го заштити и знакот „детска амбасада“ во Заводот за индустриска сопственост како трговска марка ТМ 2009/900 од 11.09.2009 година.