Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Фросина Пандурска- Драмиќанин – волонтер во Прва детска амбасада „Меѓаши“

Во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ почнав да волонтирам во текот на 2005 и 2006 година, кога ја водев работилницата по Албански јазик, наменета за деца на возраст од 7 -12 годишна возраст. Тогаш првпат научив колку е тешко да се работи со деца, но истовремено и колку таа работа исполнува. Иако резултатите не беа онакви какви што сакав да бидат, сепак бев среќна што можев барем малку од моето знаење да им пренесам на децата кои беа дел од оваа работилница.
 
Убаво беше да се пие кафе во „Меѓаши“, во секогаш работна атмосфера и со креативни луѓе.

 

Научив многу од Горде и Драги, од децата, колегите...

Во овој период бев дел од основниот тренинг за изградба на мир, во организација на Центарот за ненасилна акција кој се одржа во Травник, БиХ. Ова искуство ми отвори низа можности за други семинари и тренинзи, но она што е најважно е тоа дека токму овој семинар ми помогна да расчистам со многу стереотипи, илузии и дилеми поврзани со голем број прашања.

Бев среќна што преку Детската амбасада „Меѓаши“ учествував и на едномесечната ПР школа организирана од НВО инфоцентар во мај 2007 година – курс којшто многу ми помогна и ми даде основа за професионално работење во комуникацијата со медиумите.

Сигурно има уште многу позитивни нешта...но овие се меѓу најзначајните.

Ви благодарам за се,

Искрено, Фросина