Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


19 ти роденден на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ-РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Утре (Скопје, 29.април 2011), Првата детска aмбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија го одбележува 19тиот роденден од постоењето и делувањето.

ВО ПРИЛОГ НА ОВА СООПШТЕНИЕ ЗА 19 ГОДИШНОТО РАБОТЕЊЕ ВО ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНОТО ПОСТОЕЊЕ И ДЕЛУВАЊЕ ВИ ГИ ИСПРАЌАМЕ ПОЗНАЧАЈНИТЕ АКТИВНОСТИ ШТО ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ УСПЕА ДА ГИ РЕАЛИЗИРА ВО ОВОЈ ПЕРИОД ОД НЕЈЗИНОТО ФОРМИРАЊЕ ДО ДЕНЕС. ЗА НАШИТЕ АКТИВНОСТИ И РЕЗУЛТАТИ ВО ОДБРАНА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО И ПОНАТАМУ ЌЕ ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ПРЕКУ НАШИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР И ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ПОДДРШКАТА ШТО НИ ЈА УКАЖУВАВТЕ И НИ ЈА УКАЖУВАТЕ ВО НАШАТА ЗАЛОЖБА СИТЕ НИЕ ЗАЕДНО ДА РАБОТИМЕ ВО НАЈДОБАР ИНТЕРЕС НА ДЕЦАТА. ПОЗДРАВИ ОД РАБОТНИОТ ТИМ НА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ www.childrensembassy.org.mk
 

ИНФОРМАЦИЈА

19 години од постоењето и делувањето на Првата детска aмбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија  1992-2011

 

Првата   детска амбасада во светот е основана на 29 Април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација и прва регистрирана меѓународна, непрофитна, непартиска и невладина организација во Република Македонија за заштита на правата на детето.

 

Амбасадата    Меѓаши се залага за почитување на детската личност преку заштита на нивните права, застапување на детските интереси и преку збогатување на животот со содржини кои детството го прават сигурно и творечко. Го зајакнува НВО движењето за правата на детето развивајќи го волонтерскиот пристап во работата и се грижи за спроведување на Конвенцијата за правата на детето.

 

Амбасадата  со своите активности придонесе во развивањето и јакнењето на граѓанската свест за детските права. Taa го сруши молкот за детските страдања, особено за физичката, сексуалната и економската злоупотреба на децата, откривајќи во јавноста повеќе случаи на злоупотреби и директно ангажирајќи се за воспоставување поефикасни механизми за заштита на децата.

 

 Најзначајни резултати во изминативе 19 години:

 1992- 1997 година. Веднаш по започнувањето на кризата во Босна и Херцеговина, Првата детската амбасада даде апел за поддршка и организираше прифаќање на децата бегалци, дестинации во странски земји, хуманитарна помош и креативни активности со што им помогна на шеесет илјади деца бегалци;

 

1993- 2007 г. Амбасадата  го отвори првиот дежурен СОС телефон за деца и млади и психолошко советувалиште во Република Македонија. Во 2005 од Македонски телекомуникации го добивме бројот 0800 1222 и на тој начин им овозможивме на децата нивните јавувања да бидат бесплатни. За 14 години - над 17000 повици;

 1993  г.  ја објави книгата Правата на детето, прва од таков вид во Република Македонија;

 

1993- 2006 г. Детски работилници, креативно користење на слободното време- вклучени над 8000 деца

 

1994-  г.  започна со лобирање за ратификување на Хашката Конвенција за граѓанско-правните аспекти на меѓународни грабнувања на деца. Во 1995 г. оваа Конвенција беше ратификувана од Собранието на Република Македонија;

 

1996  г. започна со лобирање за воведување на институцијата Детски омбудсман. Во 1999 г. Република Македонија воспостави Народен правобранител лице надлежно за правата на детето;

 

1997 г. Амбасадата Меѓаши пристапи како придружна членка на Defence for Children International и оформи Комитет на DCI во Македонија. Во 1999 г. овој Комитет се регистрира како посебна НВО за правата на детето - Здружение за заштита на правата на детето;

 

1997-2002  г. Амбасадата формираше Македонска национална коалиција за правата на детето (28 НВОи), со Секретаријат во Амбасадата Меѓаши; Оваа коалиција достави и алтернативен извештај за состојбата со правата на детето во Комитетот за правата на детето во Женева;

 

1999-  г. како национален координатор се придружи на семејството Global March Against Child Labour, одржуваjќи акција за подигање на јавната свест против експлоатација на детскиот труд и вклучување на сите деца во образование.

 

1999- 2000 г. Амбасадата Меѓаши им даде поддршка на децата бегалци од Косово, пружајќи им заштита на психосоцијален план; Беа опфатени сите кампови во Македонија каде што беа згрижени децата бегалци од Косово.

 

2000- 2001 г. кампања за ратификација на Конвенцијата 182 и Препораката 190 за итно елиминирање на најлошите форми на детски труд. Во 2002 г. Собранието на Република Македонија ги ратификува истите;

 

 2001-2006 г. отворено е Прифатилиште за деца во кризна состојба, во кое се згрижени 16 раселени лица од с. Арачиново, од кои 8 се деца. Три од нив се родија во прифатилиштето. Тие сеуште се во нашето прифатилиште.

 

 2001 г. Амбасадата Меѓаши ја добива наградата за граѓанско општество и демократија, за долгогодишен придонес во изградбата на граѓанското општество во Република Македонија. Наградата е доделена од страна на МЦМС;

 

2001-2004 г. Амбасада го оформи Сојузот на детски организации на Република Македонија и го креира и објави првиот КОДЕКС на НВОи за правата на детето кај нас. Истиот е преведен и на албански и поставен на нашиот сајт www.childrensembassy.org.mk;

 

2001- 2002 г. Амбасадата покрена иницијатива за измена на даночните закони што се однесуваат на непрофитните организации популарно наречен 1%;

 

2002- 2004 г. за унапредување на волонтеризмот во Република Македонија, Амбасадата Меѓаши работеше преку Програмата Македонска  волонтерска акција (МВА);

 

2002- 2006 г. започна програмата за ненaсилна разработка на конфликти во средните мултиетнички училишта во Република Македонија;

 

2003  г. Амбасадата во соработка со Centro Regionale di Intervento per la Cooperacione (CRIC) од Италија реализираа проект „Акција за граѓанство преку театар“ во кои беа вклучени 60 деца од 3 мултиетнички училишта како и нивните родители;

 

2003  г. Амбасадата започна со креирање Работилници за детски права во мултиетнички основни училишта а подобрување на разбирањето помеѓу децата кои потекнуваат од различни етнички средини.Опфативме 15 групи деца во 15 мултиетнички основни училишта во Скопје и околината, Координатор на овој проект беше Реџеп Раими.

 

2004  г. во соработка со Х.A. EСE во период од јуни до септември, подготви 53 предлог амандмани за измена и дополнување на законот за семејство и забелешки по предлог законот за социјална и детска заштита;

 

2004  г Амбасадата Меѓаши заедно со неколку членки на Граѓанската платформа на Македонија одлучија доброволно да ги објават годишните извештаи, вклучувајќи ги финансиските извештаи и независните ревизорски мислења.

 

2004  г  Амбасадата ја издаде кннигата “Заштита на правата на децата” како преглед на состојбата на децата во Република Македонија каде авторката Милица Панева предлага одредени заклучни сугестии и препораки за подобрување на состојбата на децата во Република Македонија

 

2005  г. реализирана е светската кампања за вклучување на децата во училиште „Global Campaign for Education”, со мотото Да ги вклучиме децата во училиште - Што може јас да сторам ?

 

 2005  г. Ја реализиравме активноста за намалување на конфликтите меѓу средношколците низ обука на наставниците и учениците за ненасилна разработка на конфликти. Другарувањето низ мултиетничка соработка се изведуваше во 5 мултиетнички средни училишта во Скопје, Куманово и Тетово.

 

2005  г. На 09.11.2205 година-меѓународнот ден против фашизмот и антисемитизмот, организиравме акција на бришење графити “Да го симнеме насилството од ѕидовите”. Графитите: ”Стоп на насилството”, “Сакај за да бидеш сакан”, “Мир” ги заменија насилните пораки испишани на ѕидовите. Цел на оваа акција беше, во јавноста да се промовираат вредности на траен мир, солидарност, ненасилство и почитување на правата на сите луѓе што живеат во Република Мкедонија.

 

2006  Амбасадата комплетно опреми еден стан со мебел и друга покуќнина која е идно живеалиште на четирите младинки Фатима Ајдар, Александра Спасовска, Сања Спасовска и Надира Бајрамовска до нивната 26-та година. Станот го додели Министерството за труд и социјална политика, а неговото опремување е финасирано од Проект за развој на општините (ПРО) Министерство за финансии-Светска Банка. Младинките официјално се вселија во станот на 15.02.2006 година.

 

 2007  Амбасадата ја започна годината со кампањата “Стоп на насилството на децата“ и “Дали денес го гушнавте вашето дете“. Ова беше реакција на последните претепувања до смрт над 3 годишно и шестмесечно дете. Како резултат на бројките на пораст на пријавување на насилство на 20% од вкупниот број на пријавувања на случаи на нашиот СОС телефон за деца и млади 0800 1222 кој е бесплатен за сите деца во Македонија.

2007 Акција за вклучување на сите деца во образованието со мото Придружете се!! Право на образование сега!!! Вклучени над 50 училишта, општини во активностите. Прием на делегација на децата членови на амбасадата кај претседателот на Република Македонија г. Бранко Црвенковски и потпретседателот на Собрание на Република Македонија г. Иван Анастасовски. Акцијата на денот на централната манифестација која се оддржа на плоштадот Македонија ја поддржа и претседателот на Владата на Република Македонија г.Никола Груевски. Амбасадата Меѓаши доби и писмени гаранции од г. Бранко Црвенковски, г.Никола Груевски, г. Иван Анастасовски и г. Перо Стојановски државен советник во Министерството за образование и наука на Република Македонија дека ке се залагаат да се оствари правото на секое дете да оди на училиште.

2008 ја започна борабата против педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија. Упати бројни рекации, барања за одговорност и писмени претставки до Народниот правобранител, Јавниот обвинител за непочитување и кршење на правата на децата. Ја започна иницијативата за зголемување на казните за овие кривични дела (педофилија, родосквернавење и сексуално злоставување на деца) на минимум 15 години затвор до доживотен затвор. Напорите на застапување и лобирање за построго казнување на педофилите беа прифатени од Министерството за правда на Република Македонија и казните за сексуално злоставување на деца од страна на педофилите беа зголемени на минимум 10 години затвор.
 

 

2008  Амбасадата Меѓаши и Фондацијата Метаморфозис го реализираа проектот за ‘‘Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет”- CRISP (www.crisp.org.mk илиwww.bezbednonainternet.org.mk), со  задача да ги едуцираат пред сe децата, потоа родителите и наставниците за начините како децата да бидат заштитени и безбедни на интернет.

2008 Во рамките на проектот „ Детето е сведок кој бара посебна грижа„ отпечатена е книгата „Одам на суд„.Книгата е напишана за помали деца на возраст од 5 до 11 години кои ќе даваат изјава како сведоци во Кривичниот суд. Наменета е за деца на кои им е нанесено зло или врз кои е направено злосторство или тие биле сведоци на злосторства. Информациите кои ги содржи оваа книга имаат за цел да го запознаат детето за ситуацијата со која ќе се сретне  во судницата  и да го подготват за учество во судска расправа.

2009 Првата детска амбасада во светот трета година по ред ја организираше кампањата за одговорно родителство, но, овој пат со слоганот ‘‘Дали денес разговаравте со вашето дете„. Оваа кампања е продолжение на кампањата “Дали денес го гушнавте вашето дете” и „Дали денес му кажавте на вашето дете колку го сакате?‘‘ кои Првата детската амбасада во светот Меѓаши ги спроведуваше на почетокот на 2007 и 2008 година

 

2009  Првата детска амбасада во светот по повод Светската кампања за образование на 22 април на Плоштадот заедно со децата МАРШИРАА  со транспаренти со испишани пораки за правото на сите деца на образование и писменост. Мирно маршираа во знак на солидарност со сите деца на светот кои не одат на училиште и кои не знаат да читаат и пишуваат. Во светот има 774 милиони возрасни и 75 милиони деца кои не знаат да читаат и пишуваат. Во Македонија има над 18.500 деца кои не одат на училиште, од кои 2000 деца се на улица. Во Македонија 200.000 возрасни немаат завршено основно образование.  50 деца остварија средба во Собранието на Република Македонија со г-дин Сафет Незири, Претседателот на Собраниската комисија за образование, наука и спорт. Децата разговараа и поставуваа прашања во врска со образованието и за тоа што тој може да направи за децата кои не одат на училиште.

Исто така децата побараа од Претседателот на Собраниската комисија да ја потпише писмената гаранција дека во текот на својот мандат ќе се залага да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Децата остварија средба и со г-дин Перо Стојановски министерот за образование и наука. На оваа средба децата  имаа можност да поразговараат со Министерот за значајноста на образованието, како и да му поставуваат прашања за тоа што тој како Министер може да направи и ќе направи за сите деца кои не одат на училиште. Децата побараа од Министерот да објасни што тој до сега има направено во однос на залагањата за кои веќе ја има потпишано гаранцијата да се оствари правото на секое дете да оди на училиште
 

2010  На 3ти Фебруари 2010 година, на 54-та предсесија на Комитетот за правата на децата при ОН во Женева, тројца претставници од Македонската национална коалиција за правата на децата (23 граѓански организации) ги презентираа следните Алтернативни извештаи за состојбата со правата на децата во Македонија пред 9 члена на Комитетот.

•Алтернативен извештај на НВОи кон вториот периодичен државен извештај по Конвенцијата за правата на детето во РМ

•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за трговија на деца, детска проституција и детска порнографија

•Алтернативен извештај на НВОи кон државниот иницијален извештај на РМ по Факултативниот протокол кон Конвенцијата за правата на детето за инволвираност на деца во вооружени конфликти
 

 Две деца претставници имаа посебен состанок со членовите на Комитетот на кој го претставија нивниот Детски алтернативен извештај - изработен од самите деца.
 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши организираше Прва национална конференција за детско учество на 16 Март 2010 година во Младинскиот културен центар, кино Фросина. Конференцијата беше дел од проектот Градење култура на детско учество, финансиран од Европската Унија, а кофинансиран од УНИЦЕФ. Конференцијата беше организирана и водена од самите деца.

На конференцијата збор имаше М-р Драги Змијанац, Извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Свое обраќање до публиката имаа и Неговата Екселенција г-н Ерван Фуере, амбасадор на Европската Унија, г-н Шелдон Јет, шеф на мисијата на УНИЦЕФ во Република Македонија, г-ѓа Невена Крушаровска, Заменик Народен правобранител, г-ѓа Елена Лазовска, претставник од Министерството за труд и социјална политика, г-ѓа Наде Стојменова, претставник од Министерството за образование и наука и г-ѓа Кети Јандријеска Јованова од Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.
 

 2011  Во истражувањето наменето за "Довербата во граѓанското општество“ и  „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ Првата детска амбасада во светот според анкетираните граѓани е на следните позиции:.

 

  (1) прво место во однос на доверба или позитивни наспроти негативни ставови за органзиацијата. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1

 

(2) второ место како пример на најуспешна организација

 

(2) второ место на граѓани кои знаат за Првата детска амбасада во светот Меѓаши 56,2%. Додека 81,4%, од граѓаните во Република Македонија слушнале за МЕЃАШИ

 

Во одредени потсектори е препознаен како:

 

(2) МЕЃАШИ е на второ место  во секторот  Демократија и човекови права.

 

( 4) четврто место во секторот организација во Развој (јакнење)на граѓанско општество

 

Првата детска амбасада во светот е членка во многу домашни и странски организации и тела, меѓу кои: Граѓанска платформа на Македонија, Куќа за човекови права на Македонија, Македонија без дискриминација, Колаиција за правично судење,, Global March Against Child Labour, Defence for Children International, Child Right’s Information Network, Child Helpline International, European Foundation for street children worldwide, EUROCHILD, UNITED,  и многу други.

 

 Првата детска амбасада во светот има свој дипломатски кор на пет континенти во светот со досега  над 120 дипломати корисници на нашиот дипломатски пасош и има свои Конзулати во Демократска Република Конго, Франција, Шпанија, Бразил и Италија.

 

 Досегашни Деца Амбасадори и Конзули на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши: Калина Мрмевска, Мирјана Бошевска, Ѓакуш Кабаши и Стефан Плескоњиќ

 

 Оваа меѓународна организација, која е Амбасада на Првата детска земја во светот - Меѓаши,  делува преку своите Амбасадори, Генерален Конзул и Конзул, трајни претсавници и почесни членови на Колегиумот, Детски дипломатски кор, Генерални Козулати, Конзулати, Конзуларни одделениа, и Канцлеарија во земјата и во странство, како и преку членовите во Македонија и во светот.

 

 Амбасадор на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши е г-дин Коле Ангеловски.

 

Дете амбасадор е Стефан Плескониќ

 

 Основачи nа Првата детска амбасада во светот - Меѓаши, Република Македонија се Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац

 

Извршен директор, м-р Драги Змијанац

 

  Членови на Колегиум; Коле Ангеловски, Марија Доневска, Драги Змијанац, Ана Битољану, Реџеп Раими, Методија Најчески,  Роза Василева, Благоја Чорески, Милица Панева, Зумрета Јакупи, Гордана Пирковска Змијанац.

 

За повеќе информации контактирајте не на овие тел. броеви:               

 

+ 389 (02) 2465 316; + 389 (02) 2463 900 или

 

е-mail first@chidrensembassy.org.мк

 

 www.childrensembassy.org.mк

 

 Цитат од Повелбата на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши

 

“Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човекови трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА. СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ.”

 

Идејата, името (Прва детска амбасада во светот Меѓаши) и маскотата (Бушавко) се заштитени во Министерството за развој на Република Македонија, Завод за заштита на индустриска сопственост под жиг бр. 863, 864 и 865 во 1994 година.

 

Првата детска амбасада во светот е презапишана во Регистарот на здруженија на граѓани и фондации во Основниот суд – Скопје 1, под регистарски број 297, со решение бр. 162/98 од 15.06.1999 година. Матичен број 4377249. Единствен даночен број 4030995179890.