Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


ЗЛОСТАВУВАНИТЕ ДЕВОЈЧИЊА ЗГРИЖЕНИ

Четирите малолетни девојчиња од Велес, од кои три се жртви на таткото силувач, одземени се од нивната мајка и сместени во згрижувачко семејство, надвор од градот. Иако семејството со години било корисник на социјална помош од државата, центрите не успеале да го откријат седум - годишното сексуално злоставување на децата. Министерот Бајрами се правда дека немало начин да дознаат.

-Се додека нема пријава за семејно насилство нашите лица не можат туку така да влегуваат во семејствата. Во Македонија има 500 илјади семејства кои примаат социјална помош и речиси е невозможно службите да ги посетат сите. Ние сме тука да реагираме онаму каде постојат индиции, изјави Џељал Бајрами, министер за труд и социјална политика.

Неоправдано е тоа што надлежните не направиле увид во ова дисфункционално семејство кое со години било под заштита на Центрите за социјална работа, веднаш реагираа од првата детска амбасада Меѓаши.

-Како е можно 7 години таткото да ги силува трите ќерки, а Центарот да не извршил строг надзор и навремено да ги одзел родителските права? Бараме настрога казна за сторителот, за родосквернавење и насилство врз мајката. Бараме доживотен затвор, но и мерки против мајката, бидејќи невозможно е таа да не знаела за злоставувањето, изјави Драги Змијанац, од  “Меѓаши“.

Независно дали ќе се докаже злоупотребата од страна на таткото државата треба да преземе мерки спрема двајцата родители, преку писмена реакција порача и Народниот правобранител.

Побара веднаш да се преземат мерки за психо-социјална поддршка, третман и рехабилитација на децата за надминување на траумите, како и да се утврдат условите за одземање на родителското право. Неопходно е апелираат оттаму децата да бидат заштитени од секаков понатамошен вид на дискриминација.

Според податоците, само првите шест месеци од годината сексуално злоставувани биле 43 деца, 31 од нив во урбани средини. Најголем број од злоупотребите се регистрирани во Неготино.

[ Весна Јовановска-Дојчиновска ]

Извор: http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=2665