Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


Се шири истрагата за педофилскиот скандал во ОБСЕ17.07.2010

Скопското обвинителство проверува дали има оштетени деца од Македонија, кои биле инволвирани во педофилскиот скандал на висок претставник од ОБСЕ во земјава. Според скопскиот обвинител, Марко Зврлевски, поради комплексноста на предметот се вршат дополнителни проверки и во странство, но и дома, за да се комплетира досието.

„Побаравме од министерствата за надворешни и за внатрешни работи да обезбедат дополнителни податоци и да извршат проверки. Досега се добиени одредени сознанија, но се' уште не е комплетиран случајот за да биде препратен до судот”, објаснува Зврлевски.

Случајот со педофилија беше обелоденет неодамна, кога во медиумите и во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ почнаа да пристигнуваат анонимни писма. Во нив се наведуваше „Норвежанец, вработен на висока позиција во ОБСЕ, во Македонија, сексуално злоупотребувал деца. Тој, наводно, во неколку наврати, нудејќи им пари, намамувал деца под 14-годишна возраст од земјава и сексуално ги злоупотребувал“. Надлежните ги проверуваат ваквите сомневања, како и можноста Норвежанецот да бил дел од поголема педофилска мрежа. Кај него беа пронајдени огромен број педофилски фотографии и порно-клипови со деца, кои најчесто ги симнувал од Интернет-страници. (Д.Т.)

Извор: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C89465943693C545BC22E650AA2C23A0