Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39

 Првата детска амбасада „Меѓаши“ повикува на најстрога казна за таткото силувач од Велес26.08.2010 

Се охрабруваат децата и возрасните да не молчат за насилството и да го пријавуваат во најблиските полициски станици или на СОС телефонот за деца и 0 800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ 
  
Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“ ги контактираше Центарот за социјална работа и Секретаријатот за внатрешни работи, од Велес во врска со последниот случај на родосквернавањето од страна на таткото врз неговите три ќерки во Велес.

Во писмото испратено до сите медиуми во Република Македонија се вели дека , ова семејство до сега не било евидентирано во Центарот за социјална работа, писмено се огласи директорката.

Осомничениот е приведен од страна на полицијата во Велес, обавен е разговор во соработка со ЦСР, со сопругата на осомничениот и со девојчињата во самите простории на ЦСР, известуваат од СВР Велес.

Гинеколошките наоди покажуваат дека кај девојчињата пронајдени се знаци кои укажуваат на дефлорација која датира од порано. Пријавениот е задржан во полиција, ќе биде изведен пред истражен судија и ќе се побара изрекување на мерка притвор. Воедно ќе биде поднесена и кривична пријава за родосквернавење и семејно насилство.

Од амбасадата велат дека, децата не треба да бидат вратени во семејството затоа што во вакви случаи под притисок на најблиските како и недоволно разбирање за состојбата во која се наоѓаат, многу често децата ги менуваат изјавите. Затоа бараме децата да бидат згрижени во згрижувачко семејство.

Детската амбасада “Меѓаши“ повикува на најстрога казна за таткото силувач, а воедно ги повикува и надлежните институции да не ја исклучуваат можноста за соучество на мајката во ова кривично дело.
-Доколку мајката знаела и ја одобрувала сексуалната злоупотреба на трите девојчиња бараме одземање на родителското право на двајцата родители и нејзино казнување доколку не го пријавила случајот.

Потребно е децата да бидат ставени во специјализирано прифатилиште за деца жртви на сексуална злоупотреба, кое ќе работи 24 часа. Децата жртви треба да добијат основни услови за закрепнување, рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција во заедницата. Престојот во ова прифатилиште треба да е од привремен карактер, што значи дека треба да се развијат форми на специјални семејства за згрижување на овие деца, велат од “Меѓаши“.

Од правта амбасада во светот за заштита на децата апелираат до сите новинарите да посветет посебно внимание на заштитата на личните податоци на децата што е од важност за почитувањето на интегритетот и идентитетот на детето жртва.

Доколу навремено се пријави насилството може многу да помоге насилникот на време да се притвори или на време да се спречи насилството врз децата од страна на член на семејството, голема улога имаат граѓаните и најблиските.

Од “Меѓаши“ потсетуваат дека во Центарот за социјална работа сознанијата дека над некое лице е сторено семејно насилство, ги добиваат од граѓани, службени и правни лица, кои се должни без одлагање да го известат Центарот за таквите сознанија.

Центрите за социјална работа треба да се присутни на терен и да имаат увид во сите дисфункционални семејства, семејства во ризик, семејства со тешка социјална структура како превенција од насилството и злоупотребата на децата. Социјалните работници треба навреме да им го одземат родителското право на родителите што се силувачи или на родителите што ги злоупотребуваат децата. Државните институции ја преземат одговорноста за сигурноста и за здравјето на децата секогаш кога тоа не го добиваат од родителите.
Детската амбасада “Меѓаши“ потсетува дека треба да се посвети внимание на децата жртви на сексуална злоупотреба и давање изјави од нивна страна по неколку пати. Не треба да се дозволи детето да дава изјави во полиција, во Центрите за социјална работа, па во судовите. Тоа треба да даде само една изјава, бидејќи секое навраќање на чинот на насилството е дополнителна траума за детето. Повторно соочување на детето со силувачот, претставува повторување на насилството, само што во овој случај освен преживеаното сексуално насилство детето трпи психичко насилство и од самата институција, односно од поедини стручни лица вклучени во постапката.

Се охрабруваат децата и возрасните да не молчат за насилството и да го пријавуваат во најблиските полициски станици или на СОС телефонот за деца и 0 800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот “Меѓаши“.

До сега Детската амбасада “Меѓаши“ повеќепати има регирано, барано одговорност за случаите на сексуална злоупотреба врз децата и педофилија како и барање за зголемување на казните за силувачите на децата. Сепак и покрај се почестото откривање и приведување на педофилите од страна на полицијата и направените промени во Кривичниот Законик кои овозможуваат далеку построги казни, очигледно е дека и репресивната мерка не доведува до намалување на случаите на сексуална злоупотреба на децата.

Последниот грозоморен случај на континуирано силување на таткото од Велес врз неговите три ќерки покажува дека постои отсуство на функционална заштита на децата.

Извор: http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=55207