Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


Новогодишни пакетчиња

Првата детска амбасада во светот Меѓаши како и секоја година, така и оваа  организираше новогодишна забава со подароци и пакетчиња за најмладите жители на секое општество – децата.


Оваа акција, која се одржа на 29. и 30. Декември 2010 година беше збогатена со присуство на Дедо Мраз, кој ги доделуваше подароците и со песни и приказни ги веселеше децата и присутните.

Новогодишни пакетчиња добија 95 дечиња, меѓу кои сите оние кои го посетуваат Дневниот Центар за деца што не одат на  училиште при Детската амбасада Меѓаши, децата кои како внатрешно раселени беа згрижени до 2006-та во Прифатилиштето за деца во кризна состојба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како и децата членови на Детската амбасада кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Сите дечиња заедно со Новогодишните пакетчиња добија и играчки соодветни за нивната возраст кои дополнително ја зголемија детската радост и насмевка. Играчките беа обезбедени како донација од Институтот за јавно здравје на Република Македонија кој донираше во 2010 година и од Холандската Фондација „Мара“, која играчките ги донираше во текот на 2009-та година.

Оваа година новогодишните пакетчиња беа обезбедени како донација од Бабилон Софтвер Солушн (35 пакетчиња) и компанијата Генел Д.О.О. (20 пакетчиња).

            Истовремено, Новогодишни пакетчиња обезбедија и децата од основните училишта „Лазо Ангеловски“ од Скопје и од ОУ „Лирија“ од Тетово, кои сами  подготвија пакетчиња и им ги подарија на 40 дечиња.

            Воедно јавно им благодариме на сите оние кои земаа учество во оваа акција и овозможија да се зголеми детската радост, среќа, смеа и им ги развеселија Новогодишните празници на најмладите.