Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Трибина за детските права на интернетВо организација на Одделението за превенција при полициската станица, денеска во Кавадарци беше одржана трибина на тема „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“
  
Трибината беше организирана со цел да се предупредат и насочат младите како да го користат интернетот без да бидат злоупотребени.

Професорката по информатика Гордана Богева зборуваше за искуства од интернет профилите, фотографиите кои се користат, личните податоци-најчесто телефонски броеви и видео клипови, а друштвената страна „Фејсбук“ беше посочена како посебен тренд.

„Внимателно на интернет, не ги откривајте вашите лични податоци, не откривајте што се случува во вашиот дом“, препорача Богева.

Според статистиката, 15 отсто од популацијата свесно користи интернет, а 25 несвесно. Податоците велат дека едно од седум деца-корисници на интернет постари од десет години добиваат сексуална понуда.

Предавањето е дел од проектот „Крик“ кој три години се спроведува во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, а во Македонија целосно е подржано од Првата детска амбасада „Меѓаши“.