Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38


Светски Ден На СОС Телефони За Помош И Поддршка На Децата Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како дел од меѓународната мрежа „CHI - Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји од целиот свет, веќе четврта година по ред го одбележува 17 Мај - Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.


Првата детска амбасада во светот Меѓаши, како дел од меѓународната мрежа „CHI - Child Helpline International“- која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји од целиот свет, веќе четврта година по ред го одбележува 17 Мај - Светскиот ден на СОС-телефоните за помош и поддршка на децата во светот.Евиденцијата е поразителна, во текот на минатата година биле регистрирани 377 пријави на различни облици на насилство во семејството, училиштето или помеѓу врсниците, т.е снешто повеќе  од еден повик дневно.

- Овој тренд полека почна да се менува низ годините. Бројот на јавувања се намалуваше, а за сметка на тоа се зголемуваше бројот на пријави од страна на возрасните загрижени за децата, кои пријавуваа сериозни прекршувања на детските права. Почнаа да се зголемуваат пријавите на сексуална злоупотреба, семејно насилство и пријави на насилство во училиштата. За жал, резултатите од последните години на работа на СОС службата покажуваат дека всушност децата се незаштитени и често изложени на насилство и злоупотреба од страна на
 возрасните, вели Анѓелина Чалакоска координатор на СОС телефоните од Меѓаши.
СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 на Првата детска амбасада во светот Меѓаши функционира веќе 17 години и до денеска на него се регистрирани 17.784 пријави на проблеми.
првата детска амбасада Меѓаши воведе и СМС телефон, вели Анѓелина Чалакоска координатор на СОС телефоните
Услугите на СОС службата оваа година беа овозможени од 15 волонтери и ентузијасти од различни професии.Преку одбележувањето на овој ден СОС линиите за помош на деца ширум светот ставаат посебен акцент на услугите кои тие ги обезбедуваат за децата на кои им е потребна грижа и заштита.