Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38


Се трага по 4 деца исчезнати само за еден месец

Исчезнувањето на двете деца од Куманово со кои бројот на деца по кои се трага се искачи на четири, ги спротивстави семејствата и невладините организации од една, и полицијата од друга страна. Додека полиција уверува дека се ангажира максимално во потрагата, состојбата на теренот и изјавите на семејствата даваат поинаква слика. Невладината „Меѓаши“ денеска со порака со министерката Јанкуловска – да не ја исклучува веројатноста дека исчезнатите деца се жртви на трговија со луѓе.

„Меѓаши“ укажува дека децата од руралните средини и од сиромашни семејства се најчеста мета на криминалот со трговија на деца.

Семејствата на двете исчезнати деца, врсници, од кумановската населба Средорек, тврдат дека кај нив полицијата не патролира редовно.

Oвде нема полициска патрола. Луѓето Роми се отсечени од се-вели чичкото на Мерсида
Во меѓувреме, полицијата симулираше сценарија на киднапирање од каде заклучи дека децата не се грабнати во синџирот на трговија со луѓе.
Криминолозите, пак, повикуваат, во истрагата сепак да се вклучат инспектори за спречување на трговија со органи.

Во моментов се трага по 8-годишниот Митат Ибраими од скопско средно Коњаре, 5-годишните Дино Мемеди и Мерсида Хелдовиќ од Куманово и 16-годишниот Бурхан Мамудовски од Кичево. Сите се исчезнати во период од месец дена.

Пандорче Димитриоска

http://www.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=21010&egId=6&ContentContainer3$ctl00$Comments1_page=0