Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.38

Акција за вклучување сите деца во образованиетоНашата земја се приклучува на Глобалната недела на акција 2010 за вклучување на сите деца во образованието, што ќе почнува од денеска, а ќе трае до 25 април

Во повеќе од сто земји низ целиот свет, познатите светски фудбалски ѕвезди ќе се дружат со милиони деца со цел сите да имаат можност да одат во училиште и да учат. Покрај тоа што ќе има забавен карактер, акцијата ќе се обиде  да влезе во историјата со постигнување на Светски рекорд за најголемиот симултан час.

„Во нашата држава секојдневно се среќаваме со деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право - правото на образование. Затоа од голема важност е државата да им го обезбеди ова право на сите деца“, велат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, која е носител на кампањата во Македонија.

За време на еднонеделната кампања ќе бидат организирани неколку настани, како посветување на еден училишен час „Една цел: Настава за сите“, што ќе се одржи на 20 април во училиштата низ државата.

Кампањата опфаќа и јавна расправа – Форум поврзан со Образовната инклузија на децата кои не одат во училиште, а преку кој што ќе се анимираат сите релевантни фактори што можат да придонесат за надминување на проблемот со децата кои не се вклучени во редовниот образовен систем, како и да се обезбедат механизми за нивно вклучување.

Предвидена е и посета на Министерството за финансии, што како надлежна институција ги изработува државните буџети од кои се финансира јавното образование.