Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35

ПРЕДЛОГ ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖБАТА ЗА ДЕТСКО АМБАСАДОРСКО СТОЛЧЕ ВО ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ООНПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА НА СВЕТОТ 
 
Првата амбасада на децата на светот “Меѓаши” уште во 1992 година со нејзиното формирање во рамките на програмските задачи предлоѓи во рамките на Организацијата на Обединетите нации едно место да биде резервирано за детето амбасадор. Амбасадата како светска асоцијација и прва амбабасада на децата во светот дејствува преку дипломатскиот кор составен од  почесни Амбасадори, почесни Вице Амбасадори, почесни Генерални Конзули и Конзули, постојани дипломатски претставници и почесни членови на Колегиумот во земјата и странство и како и преку своите членови во Македонија.  Амбасадата ги соединува децата од Македонија со децата на светот и соработува со други меѓународни невладини организации чии активности се насочени кон заштита на детето.

Првата детската амбасада во светот и нејзините Почесни членови особено ќе ги подржуваат следните задачи:

-сестрано застапување на интересите на децата од светот во ООН(реализација на заложбата за детска амбасадорска столица во Генералното Собрание-ООН)

-прогласување одредени простори за детски територии (со посебен сатус верификуван, гарантиран и заштитен од ООН);

-остварување на научно-верификуваниот хуманитарно-еколошки-културен и рекреативен проект на Првата детската амбасада - “МОСТ” (Младоста Облагородува Секаква Територија);

-заштита на децата од националистички и шовинистички еуфории;

-заштита на децата од злоупотребата и искористување во економски, сексуални и политички цели;

-борба против злоупотреба на децата за економски цели;

-заштита на децата од воени судири;

-заштита на децата од конфликти на етничка, верска, расна, јазична, полова и друг нетрпеливост;

-неповредливост на детските територии и забрана за користење на детските објекти за ненаменски, а особено воени цели;

-признавање на ПРВАТА ДЕТСКА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ “МЕЃАШИ”, како и други слободни детски земји формирани и заштитени од Првата детска амбасада во светот како слободни детски територии на најбројниот народ во светот - детскиот народ;

-финансирање и подршка на проекти од детскиот фонд на ООН;

-номинирање и доделување дипломатски пасоши на Почесни амбасадори, Почесни Генерални Конзули, Конзули, Постојани претставници и Почесни членови на Колегиумот на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА како заслужни граѓани од земјата и странство кои се борат за заштита на правата на децата во светот.