Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35

НОВ СЛУЧАЈ НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ ВО СКОПЈЕТатко 2 години си ја силувал ќерката

Таткото од 2007 година до мај годинава секуално ја напаствувал својата ќерка тепајќи ја по секој секуален акт за на никому да не каже ништо

Триесет и деветгодишниот С.Б. две години сексуално си ја злоставувал родената ќерка која денес има 17 години.
Скопската полиција по пријава на случајот изготвила кривична пријава за таткото за кривично дело "родосквернавење".

Голготата на девојчето ја прекинала нејзината мајка која откако го приметила чудното однесување на својата ќерка поразговарала со неа. Откако девојчето и раскажало на мајка си низ што се поминувало, мајката на девети мај го пријавила својот сопруг. Според сознанијата до кои дошла полицијата С.Б. во период од 2007 до мај годинава во својот дом во повеќе наврати извршил обљуба врз својата ќерка. А по секој секусален акт ја тепал и и се заканувал.
Девојчето било пренесено во Медицински центар во Скопје каде од страна на лекар треба да бидат утврдени евентуалните физички повреди.

Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" на почетокот на месецов реагираше на како што посочуваат се позачестените случаи на родосквернавење и сексуално злоставување на децата во Македонија и несоодветниот третман на децата жртви на инцест и педофилија.
Од "Меѓаши" особено се наведуваат случаите на родосквернавење, кои уште повеќе ја отежнуваат ситуацијата не само од психолошки туку и од правен аспект и појавата некои од децата жртви да ги менуваат своите изјави.
- Децата жртви на родосквернавење, по обелоденувањето остануваат сами на себе, во уште покомплицирана семејна ситуација. Обично остануваат со другиот родител кој понекогаш не сака да се соочи со вистината и да го признае насилството, па поради најразличните проблеми, манифестира насилно однесување сакајќи да го казни сметајќи го како причина за новонастаната ситуација во семејството. Кај детето жртва се мултиплицира почетниот проблем соочувајќи се со низа нови сериозни проблеми меѓу кои сослушувањата лице во лице со злоставувачот, кои ја прават траумата уште подлабока. Наместо да биде охрабрено за тоа што не молчи, детето станува осудено за својата искреност отфрлено е од семејството и стигматизирано од средината во која живее. Не можејќи да се справи со целата ситуација, траумата ја закопува длабоко во себе, загрижено е за иднината на целото семејство, дури и за родителот силувач дали тој ќе оди во затвор или не. На крајот детето ја повлекува изјавата!, велат од оваа невладина организација.

Тие апелираат до институциите на системот да бидат внимателни кон децата жртви на сексуална злоупотреба, особено при влегувањето на постапката кај надлежните институции каде детето повторно се соочува со силувачот. Се потсетува дека Република Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правата на детето, со чиј член 34 државите потписнички се обврзуваат да ги штитат децата од сите облици на сексуално искористување и сексуално малтретирање. Бараат Собранието да ја ратификува и Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на деца од сексуална експлоатација и сексуална злоупотреба, што државата ја има потпишано.

(М.П.)