ДВА НОВИ СЛУЧАЈА НА РОДОСКВЕРНАВЕЊЕ И НА ПЕДОФИЛИЈА Уште двајца тинејџери силувани од блиски луѓе Четириесет и деветгодишен кичевец една и пол година сексуално ја злоупотребувал својата 13-годишна ќерка. Таткото Љутви А., како што тврди полицијата, ја силувал својата малолетна ќерка во семејниот дом, ја допирал по телото, а вршел и други полови дејства.
Родосквернавењето в полиција го пријавиле надлежните во училиштето каде што учело девојчето, а според МВР, мајката не била запозната со гнасните активности на својот сопруг. За Љутви А. е поднесена кривична пријава за полов напад врз малолетник, а истражниот судија му одредил притвор од 20 дена. Полицијата регистрирала уште еден случај на полов напад врз малолетник, во Прилеп, во кој 49-годишен маж силувал 15-годишно момче. Гнасниот чин се случил во јануари, кога Ќамил М. го повикал малолетникот, со кој се познавале подолго време, да појдат заедно до продавница и да купат сончоглед. Тогаш Ќамил М. го одвел момчето во куќата на својата сестра, каде што сексуално го злоупотребил. Полицијата за педофилот поднела кривична пријава за полов напад врз малолетник. Пред само два дена полицијата обелодени уште еден случај на родосквернавење во Скопје, во кој Мухамед А. цели две години сексуално ја злоупотребувал својата 17-годишна ќерка, која живеела со него откако се развел од сопругата. Силуваното девојче повеќе не можело да ја издржи тортурата, па и се пожалило на својата мајка С.А., која случајот веднаш го пријавила в полиција. Драги Змијанац, извршниот директор на Првата детска амбасада „Меѓаши“ истакна дека се почестото пријавување на овие случаи е резултат на се поголемата храброст на децата што се жртви, кои веќе не се плашат да ги пријават злоупотребите. - Со охрабрувањето на децата да не молчат и со поддршката од најблиските, стигнавме на чекор поблиску да постигнеме оваа табу-тема, која порано била срамен молк и тајна во семејството, конечно да добие друга димензија - вели Змијанац. Време, број 1629, 28.03.2009
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1660&ArticleID=110565
|