Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

УЖАС СРЕД БЕЛ ДЕНДеца се дрогираат на Плоштад!

Дечиња на возраст од најмногу 10 години, се дрогираат вдишувајќи лепак во кеса, среде бел ден на градскиот плоштад во Скопје во моменти кога е преполн со луѓе

Дечиња на возраст од најмногу 10 години, се дрогираат вдишувајќи лепак во кеса, среде бел ден на градскиот плоштад во Скопје во моменти кога е преполн со луѓе, овој ужас го забележа новинарската екипа на ВЕЧЕР.

Децата ги наполнија кесите со лепак, додека седеа на тезгите поставени на плоштадот, за време на понеделничката манифестација за одбележувањето на светскиот ден за борба против сидата.
Откога беа полни кесињата тие започнаа да вдишуваат шетајќи меѓу толпата луѓе, никој не ги примети од присобраните однесувајќи се дека тоа е нормална појава. Оваа ужасна сцена, не беше приметена и од полицијата, која редовно патролира во центарот на градот.

Двете дечиња беа од ромска националност и за жал не се единствените, кои со дрогирање полека самите себе се уништуваат.

"Оваа трагична појава е секојдневие во главниот град, а двете дечиња не се единствени. Тоа е поголема група од најмалку десетина, кои вдишуваат лепило и тоа го прават со години", вели Гордана Циркоска Змијанац од Првата детска амбасада во светот "Меѓаши".
Ние досега сме ги регистрирале во нашите евиденции неколку пати, а најчесто тие се врткаат кај Бит Пазар. Веднаш откога ќе ни биде пријавен случајот од граѓани, ја повикуваме полицијата и центарот за социјални работи.

Обично доколку имаме шанса се обидуваме да ги најдеме нивните родители доколку ги имаат и нивните адреси на живеење а истите ги предаваме на социјалните работници.
"Во вакви случаи, кога наркозависници се деца на возраст помала од 14 години, тие не подложат на кривична одговорност, и не можеме многу да направиме", изјави Иво Котевски од МВР.
Тој додаде дека децата се пренесуваат на разговор во најблиската полициска станица, а потоа се информираат нините родители или старатели заедно со Центарот за социјални работи.
"По оваа процедура заради евиденција, се поднесува посебен извештај до Обвинителството, за ваквите престапници", додаде Котевски.

Од првата детска амбасада објаснуваат, дека за ваквиот проблем не постои добра стратегија за борба со ова зло.

Оттаму сметаат дека Центарот за социјални работи треба да покаже многу поголема активност, бидејќи "Меѓаши" како невладина организација нема ингеренции во оваа проблематика.
Овие деца, на многу мали години стануваат наркомани, а честопати доаѓаат во судир со законот, и речиси сите завршуваат во Ценатрот за зависности.

Жаклина Величковска од Министерството за труд и социјала објасни дека активно работи на ваквата појава и генерално има разработена стратегија за во најмала рака разрешување на овој проблем.

"Министерството заради овој проблем во Скопје отвори и финансира два дневни центра за помош на овие деца, а додатно кофинансира во уште два центри за иста намена со неколку невладини организации", додаде Величковска.

Според неа, децата кои ќе бидат пронајдени дали од полицијата дали од работниците на министерството се носат во овие центри. Таму децата се мијат, хранат и облекуваат. Стручните тимови кои работат таму потоа прават максимални обиди да се надмине проблемот и кај децата и кај нивните семејства.

Социјалните работници, полицајците и луѓето од невладините организации, укажуваат дека сите овие деца кои најголем дел од денот го поминуваат на улица и питачат се потенцијални идни деликвенти и криминалци.

Александар СРБИНОВСКИ

Вечер, 3.12.2009
Фото: Ѓ.Личоски

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=7B4F93277597084CB9067B543322C86F