Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34

СУПЕРВИЗИЈАНа 25 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во просториите на Клиниката за Психијатрија, одржа тренинг на тема "Препознавање различни облици на злоупотреба и запоставување на децата

(емоционална, физичка и сексуална злоупотреба).

Тренингот беше наменет за медицинските сестри на клиниките, а учество зедоа 16 медицински сестри од клиниките за гинекологија, педијатрија, психијатрија, за детски болести и клиниката за белодробни заболувања.

Предавач на тренингот беше:

Г- дин Антони Новотни, психијатар на Клиниката за Психијатрија во Скопје и професор на Медицинскиот факултет во Скопје.

Сите учесници имаа можност да се здобијат со професионално и стручно знаење од областа на психосоцијалната тематика за да им овозможи полесно и посоодветно препознавање на трауматизирано дете, како и семејства што имаат ситуации со трауматизирани деца од областа на емоционално, физичко и сексуално насилство. Исто така, тренингот даде знаења за препознавање на профил на насилник. Се зборуваше и за ситуации во кои може да се најде медицинскиот персонал при работа со деца и како тие да се справат со тие видови случаи.

Тренингот изобилуваше со живи примери од секојдневието, се правеа вежби, чии резултати беа прикажани на крајот, а се заврши со евалуациони прашалници.

            На крајот од тренингот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, на сите учесници им врачи сертификати за учество на локалниот тренинг.