Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Првата дама на Словенија Барбара Миклиќ - Тирк во посета на Првата детска амбасада

Првата дама на Словенија госпоѓата Барбара Миклиќ – Тирk  имаше средба и со децата кои се вклучени во Дневниот ценар за деца на улица, со децата од Детските работилници и со работниот тим во Амбасадата

Првата дама на Словенија госпоѓата Барбара Миклиќ – Тирк сопругата на Претседателот на Република Словенија Данило Тирк ја посети Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија.

Госпоѓата Тирк имаше средба и со децата кои се вклучени во Дневниот ценар за деца на улица, со децата од Детските работилници и со работниот тим во Амбасадата. Во оваа пригода господинот Драги Змијанац извршен директор на Детската амбасада и ја подари на госпоѓата Тирк маскотата-статуетка на Амбасадата Бушавко и ја информира за активностите за директна помош и поддршка што оваа амбасада ги спроведува за децата во Македонија.

 Скопје, 18.02.2009