Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.34


Мултидисциплинарен пристап

Во периодот од 10 до 12 Декември, 2008 година, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, во Хотел Поречки Бисер, во Самоков одржа тренинг на тема Мултидисциплинарен пристап во областа Насилство и негрижа врз децата – Препознавање, разбирање, интервенција.

На тренингот беа присутни вкупно 27 учесника, од кои 8 од Бугарија како претставници на институции и граѓански организации од нивната земја и 16 од Република Македонија,  како претставници од судот и меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Скопје, МВР – оддел за малолетничка деликвенција од Битола, детски домови од Скопје, дневен центар за деца од Скопје, Сос детско село од Скопје, од малолетничките затвори во Скопје и Охрид, и претставници од граѓанскиот сектор ( Детската амбасада Меѓаши).

Предавачи на тренингот беа:

Г- дин Станислав Петковски, специјалист по медицинска психологија, системски-семеен терапевт, трансакционен аналитичар, визитинг професор на Академија Италијана.  

Г-дин Кевин Браун, професор по судска и детска психологија, на унивезитет во Ливерпул, Велика Британија, валуатор од Фондација ОАК, носител на проектот Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа.

Сите учесници имаа можност да се здобијат со професионално и стручно знаење од областа на системската терапија и трансакциската анализа, за тоа што значи комуникацијата за човекот и сите несакани ефекти кои ги восприема едно човечо суштество ако не добива доволна и соодветна комуникација со семејството и пошироко (discount и strouk). За животните позиции кои произлегуваат од типовите на комуникација.

Освен тоа, професорот Станислав Петковски зборуваше и за родителството, односно дознавме за видовите на негативни и позитивни родители, како и за типови на семејства кои постојат. Меѓудругото се запознавме и со видовите на его состојби, како и нивното препознавање. Тренингот изобилуваше со живи примери од секојдневието, се правеа вежби, чии резултати беа прикажани на крајот, а се заврши со евалуациони прашалници.

            Професорот Кевин Браун, преку две предавања, ни пружи можност да добиеме слика за значењето на раното откривање на семејствата кои вршат насилство или негрижа врз децата, односно колку превенцијата помага во намалување на бројката на деца кои го поминуваат детството со насилство и негрижа, како и последиците од таквото детство кое често пати, подоцна во пубертетот резултира во девијантни и криминални дејства. Таквите млади луѓе, и подоцна во животот се определуваат за криминал.

Освен тоа, стана збор и за негативните последици од институционализација на децата на рана возраст, особено кога тие се одвоени од мајката. Беше претставен мултидисциплинарниот пристап во превенцијата на насилството и негрижата врз децата, како најсоодветна мерка во спречување на ваквите појави.

На крајот од тренингот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, на сите учесници им врачи сертификати за учество на субрегионалниот тренинг.